Уште од 2020 научниот сомнеж е дека ковид-19 протекол од лабораторијата во Вухан

Доверлив извештај изработен од американска лабораторија финансирана од буџетот во мај 2020 предупредува дека ковид-19 е можно дека протекол од лабораторијата во Вухан.

Извештајот е дело на научниците од американската национална лабораторија Лоренс Ливмор, кои заклучуваат дека е можно коронавирусот да избегал од лабораторијата во Вухан. Во истиот овој извештај стои и дека е сосема возможно вирусот сам да настанал во природата.

Меѓутоа откако новата постава на власт во САД му даде нова сила на тврдењето дека вирусот протекува од институтот во Вухан, и ова истражување почна да добива на значење и според Си-ен-ен документот е веќе направен достапен на неколку клучни законодавци на Капитол хил. Дел од Републиканците критикуваат затоа што порано не добиле пристап до документот.

Сега најголемата вредност на извештајот е затоа што уште рано во пандемијата дава поддршка за теоријата дека вирусот потекнал од лабораторијата во Вухан, во време кога американското разузнавање упорно тврдеше дека вирусот не е создаден од човек и дека природно настанал.

Уште една сомнителна работа е што двајца функционери блиски до истрагата што администрацијата на Трамп ја спроведува околу потеклото на ковид-19, тврдат дека луѓето во истрагата го откриле извештајот дури неколку месеци по неговото завршување, што според Си-ен-ен „ја зголемува веројатноста дека некои поранешни функционери од т.нр. ’длабока држава’ бирократи од кариера недозволиво закопале информација која ги потврдува политичките ставови на администрацијата на Трамп.“

Си-ен-ен појаснува дека од повеќе извори биле предупредени дека документот не содржи никаков крунски доказ во корист на која било од теориите, туку дека е веројатно и природното и вештачкото потекло на вирусот, но она што е важно околу документот е што дава тежина на теоријата за протекување на ковид-19 од лабораторија што во тоа време беше негирано по дифолт.

Ливмор е една од 17 американски елитни научни институции кои ќе одиграат клучна улога во истрагата на американските разузнавачки служби околу потеклото на ковид-19.

Во најголемиот дел од 2020 теоријата за протекувањето на вирусот од лабораторијата во Вухан јавно беше третирана како ксенофобна, а благодарејќи на писмо потпишано од 27 научници и објавено во медицински журнал, се сметаше и за научно неиздржана.

Ваквиот став се смени со доаѓањето на Бајден на власт и објавувањето на доверливи разузнавачки информации според кои тројца научници од Вухан кои спроведувале контроверзно истражување за кое дел од научниците веруваат дека довело до пандемијата, се разболеле уште есента 2019.

Исто така излезе дека и гореспоменатото писмо потпишано од 27 научници, било организирано и потпишано од научник кој бил вклучен во финансирање на експерименти во лабораторијата во Вухан за кои други научници веруваат дека може го создале ковид-19.

8 јуни 2021 - 12:05