Катанци за дебели

Се работи за сосема нова диета која се базира на еден многу основен принцип - ако сакаш да ослабе не му давај на дебелиот да отвори уста.

Научниците развиваат уред кој ја заклучува устата и дозволува таа да биде отворена максимум 2 милиметри што ги ограничува само на течна исхрана. И покрај заклучувањето, луѓето и понатаму можат да зборуваат и да дишат.

Уредот го инсталира и деинсталира забар на горниот и долниот заб во задниот дел од вилицата, а корисниците имаат алатка со која можат да го отворат уредот во случај на вонредна ситуација.

Луѓето што учествувале во тестирањата на катанецот ослабеле по 6 килограми за две недели, и биле мотивирани да продолжат. Никој од нив не ја употребил алатката за отворање на уредот.

Уредот е дело на научниците од Универзитетот Отаго во Нов Зеланд, и според нив тој е алтернатива на операциите за слабеење или на подврзување на желудникот. Тие нагласуваат дека „катанецот“ првично е наменет за луѓе кои мораат итно да ослабат пример заради операција.

29 јуни 2021 - 15:09