Гад Саад:

Да не бев трансфобичен, ќе можев да најдам жена со пенис

„Јас нема да штимам научни сознанија до кои сум дошол заради твоите чувства. Јебеш твоите чувства,“ вели за Јутарњи лист канадско-либанскиот еволуциски психолог Гад Саад, еден од инспиративните ликови на тн интелектуален дарк веб и човек кому му беше драго кога се најде на македонски сајт.

Како на лаик би му ја претставиле еволуциската психологија?

Вака: на исти начин на кој ја користиме теоријата на еволуција за да објасниме зошто црниот дроб е обликуван онаков каков што е и кои се неговите функции, еволуциската психологија ги објаснува принципите во врска со најважниот орган во нашето тело - мозокот. Зошто сме љубоморни? Зошто постои ривалство меѓу браќа и сестри? Кои атрибути ги бараат мажите и жените кај своите партнери? Еволуциската психологија е практична примена на дарвинистичките механизми како би се обиделе да ја објасниме човечката природа.

Но, има неколку пристапи кон еволуциската психологија. Според редукционистичкиот пристап, законите на еволуциската психологија можат да објаснат сè што се случува во човечките општества. По друг принцип, тие објаснуваат само одреден број појави на макро ниво. Кој од овие два вие заговарате?

Јасно, сè зависи од феноменот кој се проучува. Но, реалност е дека апсолутно ништо не постои надвор од доменот на биологијата. Многумина посегнуваат по дилемата „природа или воспитание“? Во суштина тоа е приглупо бидејќи претпоставува дека овие две работи оперираат во паралелни, меѓусебно исклучиви светови. Воспитанието, побогу, постои во формата во која го познаваме - заради природата. Фактот дека деца на ист начин се социјализираат во Либан, Данска и Франција, е директна последица на билогијата.

Тврдите дека во крајна линија, животот се сведува на следниот принцип: На крајот на денот, не сакате да завршите како нечија вечера. Сакате нешто да каснете и да имате секс.

Апсолутно. Тоа се фундаментални механизми на преживување. Се разбира, самото преживување по себе не е доволно. Можам да преживувам колку сакам но не пронајдам ли начин да ги раширам моите гени, тие умираат со мене. Играта на животот е двовалентен процес. Прво, преживеј. Второ, репродуцирај се. Сè останато се детали.

Како го објаснувате сексуалниот фолкор? Велите, цитирам, „Ниеден маж нема кажано: Боже, какво сочно дупе имаш и ептен би сакал да се сексам со тебе, меѓутоа не покажуваш никакви професионални и животни амбиции. Затоа, нема секс за тебе, Линда...“

Кога се работи за сексуални склоности, мажите и жените се прилично слични. И едните и другите присакуваат интелигентен и драг партнер, но постојат и многу спецификуми. Мажите, во различни култури и на различни континенти, многу воопштено, поголема тежина ставаат на физичката убавина и младоста на партнерите. Жените пак, своите сексуални одлуки ќе ги темелат на амбициите на партнерот во општествениот статус и на неговиот потенцијал во таа насока. Истите овие карактеристики со воочуваат во радикално различни култури. Се разбира, начинот на кој се мери општествениот статус се разликува - некаде е во крави, некаде во нулите на банкарската сметка, но во сите култури, мажите кои се амбициозни, решителни, кои не се плашат од ризици, се перцепирани како многу поатрактивни од оние кои тоа не се. Оттука, занемарлив е бројот на мажи кои би одбиле секс со згодна жена заради нејзината професионална нерешителност и кусок амбициозност. Ама, од друга страна, жените...

Како eволуциската психологија ги објаснува тие разлики?

Постојат два фундаментални механизма на еволуциската теорија, природна и сексуална селекција. Природната селекција е механизам кој објаснува зошто еден вид развива одредени карактеристики. Но, постојат и многу карактеристики кои се развиваат, а не подлежат на предностите на преживувањето. Класичен пример а пауновата опашка. Пауните имаат огромна опашка која сериозно им го отежнува летот и ги прави воочливи за предаторите. Таа опашка се нема развиено со природна, туку со сексуална селекција. Таа опашка комуницира нешто многу важно и во суштина вика, иако имам опашка која може да ме чини живот, тоа е искрен и скап сигнал на моите квалитети како мажјак.

Ако не се лажам, тоа е Захавиевиот сигнал?

Токму така. За сигналот кон женката да се протолкува како искрен, тој мора да биде скап, инаку секој ќе може да го имитира.

Да го пренесеме тоа на човек. Црвен Ферари или Пикасова слика во дневна не е ништо друго освен Захавиев сигнал, скапа порака наменета за сексуална репродукција?

Точно. Но, еве што е интересно. Ферари е еквивалент на опашката на паунот, но само за одредена класа. Ако си од новите богаташи, обично купуваш Ферари затоа што така влегуваш во тој општествен ешалон. Но ако си убер богат, оние кои припаѓаат на оние 0,01%, таквите не возат Ферари. Секој милијардер може да си дозволи Ферари за двеста илјади долари. Но затоа слика од 150 милиони која, технички би можел да ја наслика и мајмун, е, тоа е скап сигнал. Ти тоа не можеш да си го дозволиш, не може ни оној богатиот со Ферарито, ама јас можам, што значи дека јас сум на врвот на пирамидата.

Во својата нова книга „Паразитскиот ум“ расправате за тоа дека најголема закана за опстанокот на човековиот вид не се големите ѕверови туку малите патогени, оние кои можат да го преобликуваат човечкото однесување до бизарна непрепознатливост. Зошто користите аналогија со паразитите?

Често проучувам однесувања на други видови за да пронајдам објаснувања за својот вид. Тоа се вика компаративна психологија. На пример, постои паразит кој се вика токсоплазма гонди кој го напаѓа мозокот на глушецот. Глушецот го губи природниот страв од мачките и му станува привлечен мирисот на мачјата урина, што не е најпаметно ако си глушец. Слично оперира и човекот. Еднаш кога ќе се заразиме со извесни идејни патогени, ги губиме капацитетите на критичкото мислење. Ја губиме способноста да се користиме со разум, логика, научни методи итн. Она што го занима секој епидемиолог е - нултиот пациент. Од каде доаѓаат овие идејни патогени? Жал ми е што морам да кажам, но мнозинството на тие деструктивни и глупави идеи весело пристигнуваат од еко-системот наречен универзитети на САД. 

Дајте некои примери...

Еве го најочигледниот: редефиниција по родови прашања. Луѓето кои страдаат од извесни облици на родова дисфорија треба да бидат третирани со почит, без шовинизам и омраза. Но, тоа не значи дека заради благородната цел за општествена правда треба да се жртвува научната вистина. На американските универзитети актуелна стана идејата мажите да имаат менструација. Милитантниот феминизам е уште еден идеен патоген. Културниот релативизам, идентитетските политики, од научен аспект тоа се идејни патогени. Ако барате заеднички чадор на сите овие идеи, тогаш тоа би бил постмодернизмот. Тоа е интелектуален тероризам затоа што во суштина се опира на концептот на објективна, научна вистина.

Ги користат  ли младите бруцоши тампоните кои, по ново, можат да се најдат во машките вецеа на Универзитетот Јејл?

Се разбира. Мораат (се смее). Неодамна му се извинив на светот кога сфатив дека бракот со мојата сопруга е комплетно трансфобичен бидејќи, барајќи жена со која ќе имам деца, барав жена со вагина. Тоа беше многу шовинистички од моја страна, бидејќи, евидентно, постојат жени со вагина и жени со пенис. Да не бев толку трансфобичен, денес ќе можев да имам жена со пенис.

Комплетно неверојатно е што наметнувањето на родов идентитет на деца од страна на прогресивците, нешто против кое иницијално се бореа, сега има станато прогресивна кауза. Во САД и Канада денес имаме експлозија на родители кои откриле дека нивните деца се трансродови на возраст од три години.

Но, не мислите ли дека некои од тие идеи, сепак доаѓаат од благородни побуди?

Доаѓаат. Но на сите им е заедничко што на крајот еволуираат во нешто гротескно, затоа што благородната идеја им е поважна од заштитата на вистината. Решението не е да станеме свет во кој ќе нема биологија, човечки универзалности, морални вистини. Вистината не смее да се жртвува на олтарот на можните консеквенци. Тоа е како да ја укинеме физиката затоа што таа има доведено до атомска бомба.

Џино Колега, Јутарњи лист

***********

Види и:

За хистеријата на радикалната левица

Требаше да запнеме!

Од Колега, види го и неговото интервју со Стивен Пинкер:

Не постои ЛГБТ таблица на множење

27 јуни 2021 - 17:58