Меѓународната организација на трудот и УНИЦЕФ објавија извештај за состојбата на детскиот труд во кој констатираат дека напредокот кој беше направен во последните две децении е запреен и дека трендот се има превртено.
Во последниве четири години, бројот на работно злоупотребувани деца е зголемен за 8,4 милиони. Истовремено, милиони други деца се под ризик да паднат под прагот на сиромаштија, како резултат на пандемијата, затворањата и прекинот на нормалните економски текови.
Во периодот од 2000 до 2016 година, бројот на деца кои се принудени на работа беше намален за дури 94 милиони деца. Сега се враќаме наназад и гледаме како бројките повторно растат.
Особено пораснат е бројот на работни деца меѓу 5 и 11 години. Децата меѓу 5 и 17 кои работат посебно опасни работи кои можат да им наштетат на нивното физичко и ментално здравје пораснал за 6,8 милиони и сега во таа група, во светов има вкупно 79 милиони деца.