Секој со проблеми, па и Ринго

Ринго Стар ја повлече тужбата против една компанија со која се тегнеше неколку години откако двете страни се договориле како да не си прават проблеми во иднина. Компанијата продава прстени за пениси под име „Ринг О“.

Тапанарот на Битлси ја подигнал тужбата во 2019 година уверен дека сексуалните помагала со тоа име му штетат на неговиот углед бидејќи луѓето можат да помислат дека тој стои зад производот.

Тужбата е повлечена откако се договориле компанијата да не го шири тоа име и на други производи а и во логото на производот да има доволно место меѓу „Ринг“ и “О“.

Џентлменскиот договор подразбира производителот да не повлекува потези кои би можеле дополнително да ги поврзат нивните производи со името на музичарот. На пример, за прстениве да не ја користат песната на Ринго Стар „“It Don’t Come Easy.“

Во 2013 година. Чаби Чекер ги тужеше Хјулит Пакард заради апликација која го носеше неговото име а служеше за мерење на големина на пениси.

**********

 

27 јуни 2021 - 16:06