Активисти за помош на животни успеале да спасат една камионска пратка со кучиња наменета за Фестивалот за летната рамноденица во Јулин.
Се работи за 68 кучиња кои биле спакувани во кафези без храна и вода, без можност да мрдаат и складирани едни врз други.
Дел од спасените кучиња имале однесување кое според активистите покажува дека биле украдени миленичиња.
Како што фестивалот е традиција, така низ годините стана традиција активисти да упаѓаат во кланиците или да ги пресретнуваат камионите со кучиња, и да ги ослободуваат.
Спасените кучиња се однесени на посебно место каде што ќе им биде дадена нега и време да се одморат, а потоа ќе бидат префрлени во стационар финансиран од ХЦИ (Humane Society International).