Човекот што 10 месеци беше болен од ковид-19

Минатата година 72-годишниот Дејв Смит закачува ковид за време на првиот бран во Британија. Од тогаш Смит има 42 позитивни тестови и седум посети на болници, пред да успее да го исчисти ковидот од себе.

„Кога беше лошо, беше стварно лошо, на чекор од смрт. Жена ми 5 пати почна да договара погреб,“ објаснува Смит.

Тој раскажува и дека во тоа време се слушнал и се поздрави со целото семејство затоа што верувал дека стварно е готово.

Смит на крај се излекувал од ковид со помош на коктелот од антитела развиен од Регенерон кој беше искористен за лекување на Доналд Трамп. Тој содржи две анти тела (casirivimab и imdevimab) што се закачуваат на различни страни од коронавирусот и го спречуваат да зарази нови клетки.

Случаите како овој на Смит се должат на тоа што телото на заразениот има ниски нивоа на антитела, главно заради рак или заради некоја наследна состојба.

Смит во 2019 минал хемотерапија за леукемија и конечно во март 2020 бил „чист“ кога закачил ковид. Тој ги трпи сите симптоми на ковид меѓутоа не прави тест се до април кога е хоспитализиран заради инфекција на градите.

Откако ги прима потребни антибиотици тој е испратен дома каде и понатаму не се чувствува добро. Смит повторно е хоспитализиран во јули заради истоштеност. Кога повторно излегува позитивен на тестот за ковид-19 сомнежот е дека тој пак се заразил, меѓутоа дополнителна генетска анализа на вирусот покажала дека е истата инфекција од претходно.

За цело време здравјето на Смит те се подобрува те се влошува, тој го губи и апетитот и слабее од 117 на 63 килограми. Во еден период цели три месеци е врзан за кревет.

Пресвртот е кога ја прима терапијата од Регенерон. Резултатите се подобруваат малку по малку. 45 дена подоцна тој добива негативен ПЦР тест.

10 месеца ковид му ги имаат уништено белите дробови и нему му е јасно дека никогаш нема да биде 100% како пред болеста, ама е радосен бидејќи „секој ден сега ми е бонус“.

24 јуни 2021 - 12:58