Живот и забава

Индиската храна ќе изгуби на шмек... за среќа

Властите на индиската сојузна држава Утар Прадеш решија да се зафатат со борба со проблеми што не би требало да постојат, ама ете, Индија, и под итно да воведат построги закони против плукање и уринирање во храна.

Словачка ќе ги забранува МРНА вакцините?

Словачкиот комесар за истрага на пандемијата, Питер Котлар, во извештајот од истрагата тврди дека МРНА вакцините се опасни за луѓе и побара нивна забрана.

„Ќе тркнам до веце“ не влегува во работното време

Швајцарскиот систем за заштита на работниците функционира како швајцарски часовник, речиси. Компанија открила дупка во законот па им наложила на вработените кога ќе им се оди во веце, задолжителнио да се отчукаат со работната картица, за тоа време да не им се рачуна дека биле на работа. Тоест да мочаат во свое време. 

На преку 5.000 aмерикански деца им е направена операција за промена на полот

Бројката доаѓа од осигурителните друштва што значи дека во реалноста таа е многу поголена бидејќи многу од овие операции се плаќаат од џеб или се прават во институции кои не пријавуваат осигурителни штети. Таа индустрија носи стотина милиони долари а почна забрзано да расте откако под притисок на човек на Бајден, Светското здружение за трансродово здравје ги укина старосните ограничувања. 

Хоум депо ќе ги враќа директорите во продавница

Целосната корпоративна каста на Хоум депо, ланецот продавници за алат и сè што ќе ти притреба за реновирање, што го опфаќа секој еден што седи на биро, а не во продавница, ќе треба секое тромесечје да мине еден ден како продавач во некој од дуќаните на компанијата. Правилото ќе биде еднонасочно, продавачите нема да добијат еден ден позади биро.

Марвел и ДиСи го изгубија „супер херој“

Американскиот трговски суд одлучи дека Марвел и ДиСи повеќе не ја поседуваат трговската марка за „супер херој“ и „супер херои“, и дека таа е за сите за користење.

Галама од коли е штетна по живот

Продолжената изложеност на галама од автомобили и авиони го зголемува ризикот од развивање срцеви проблеми, посебно кај дебели лица и кај жени, предупредува една голема нордиска студија.

Европа го брани „растителниот стек“

Европскиот суд ја укина забраната на француската влада за производителите на продукти од растително потекло да ги нарекуваат нивните производи „стек“ или „колбас“, која Париз ја воведе за да ги заштити сточарите. Судот вели дека не може да се забрани нешто кое не е прецизно правно дефинирано.

Сè повеќе инфаркти меѓу млади и супер фит луѓе

Инфарктите некогаш се врзуваа со возраста, но сè помалку е тоа така. Во 2019 година приближно 0,3 проценти од Американците од 18 до 44 години имале срцев удар. Лани тоа се зголемило на 0,5 проценти, или еден на 200. Тоа личи на ниска бројка, но претставува зголемување од дури 66% за само четири години. А тоа за лекарите е „алармантно“.

И тоа црните пластики што ги користиме за готвење се токсични

Црната пластика што се користи во најразличен кујнски прибор, детски играчки, садови за носење храна и послужавници за свежо месо и производи во супермаркети, може да содржи алармантни нивоа на токсични хемикалии.

Смартфоните треба да бидат регулирани како цигарите

Меѓу младите и адолесцентите има постојан раст на проблематично и однесување „налик зависност“, заради што употребата на смартфони треба да биде ограничена со истите  мерки што важат и за тутунот, гласи пораката од Светската здравствена организација.

Италија повторно ќе бутка ученици за поведение

Заради се полошото однесување кон учителите, Италија ја враќа во сила мерката за губење година за сите ученици кои имаат лошо поведение.

Крис Кристоферсон, секоја чест

На 88 години, мирно во својот дом почина големиот Крис Кристоферсон, бескрајно надарениот креативец кој успеа да направи две големи паралелни кариери, и во музиката и во Холивуд. Негови песни ќе препознаете и не знаејќи дека се негови бидејќи го имаат преработувано десетици големи имиња. Сè започнува кога Кристоферсон му се буфнал дома на Џони Кеш. Со хеликоптер.  

Гугл плати 2,8 милијарди долари за да врати екс вработен

Муабетите дека големите технолошки компании премногу пари трошат на вештачката интелигенција дополнително ги загреа последниот потег на Гугл. Компанијата запна да врати еден нивен вработен кој од таму после долги години си отиде незадоволен од третманот не неговиот труд. Одврзаа ќесе за 2,78 милијарди долари и го вратија.

Ние за Романија сме органик и фри-рејнџ

Македонија е една од земјите кои имаат некои од највисоките проценти на население кое не може да си дозволи да јаде здрава храна. Во тој поглед слични сме со луѓето од Грција и Словачка но ако бараме нешто да нè утеши (а секогаш бараме нешто да нè утеши), тоа не е ништо во споредба со процентот Романци кои можат да си дозволат да се хранат здраво.

Науката ја исправи неправдата кон Светлана Мојсов

Хемичарката Светлана Мојсов деновиве доби една од најпрестижните научни награди во светот заради нејзините заслуги во истражувањата кои доведоа до хитот за слабеење Оземпик. Долго време во влијателни научни кругови се маргинализираше нејзиниот удел, сè додека таа не реши да проговори и да се бори нејзиното име да биде додадено на основните патенти како ко-пронаоѓач. Ласкер ја исправија неправдата.

Америка сака гасење на РТ... во Индија

Американската дипломатска машинерија почнала да врши притисок врз Индија, од која бара да се приклучи кон нивната света војна за спасување на светот од руските дезинформации и да ја изгаси руската медиумска мрежа РТ на својата територија.

Сега неколку кафиња на ден се добри за срцето

Луѓето кои консумирале по 200 до 300 милиграми кофеин на ден било помалку веројатно да развијат срцеви заболувања, тип 2 дијабетес или мозочен удар.

Сончевата светлина и облаците ја движат климата, не CO2

Дека станува топло, станува. Дека станува пототопло од што паметиме, тоа го потврдуваат мерењата. Но од што, мајку му? Најчесто се вели дека постои научен консензус околу тоа дека главен виновник за глобалното затоплување е јаглерод диоксидот. Но, кога ќе слушнете научен консензус, сетете се на „научниот консезус“ дека ковидот не е од лабораторија а вакцините спречуваат трансмисија.

Онлифанс во 2023 исплатил повеќе за плати од НБА

Креаторки и креатори на Онлифанс минатата година заработиле над една милијарда долари повеќе отколку некои од најелитните кошаркари во светот.

Птиците не умираат пеејќи

Интернетите на Хрватска, Словенија, Австрија... деновиве беа полни со фотографии од птици кои се туткаат во поголеми групи по балкони и симсови. Не е тоа подготовка за преселба туку снаоѓање во потребата да преживеат бидејќи температурите се спуштија преку ноќ  а тие не успеаја да емигрираат во потоплите краеви.  

Тивката пандемија од отпорни супер-бактерии

Голема нова студија предвидува дека во следните 25 години, над 39 милиони луѓе во светот ќе умрат од инфекции отпорни на антибиотици. Се очекува сегашниот број на вакви фатални епилози да се удвостручи што значи дека ќе се умира и од банални инфекции а рутинските операции стануваат ризични.

Од Шведска со љубов: никако екрани за деца

Деца до 2 години (по ново - тодлер) не треба да видат екран ни еден минута од својот живот, и тоа опфаќа сè од телевизор и таблет уред, до смартфон. Ништо.

Треба да работиш 104 дена по ред за да стигнеш до дефект на органите

Кинески молер умира од дефект на органите откако работел 104 дена со само еден ден одмор. Дечкото имал 30 години, почнал да работи на крај од февруари и издржал до крај на мај.