Живот и забава

Во јужна Европа ќе се живее најдолго

Познато е дека дека здравјето и долгиот живот се во тесна врска со БДП по глава на жител онаму каде што се живее. Но, проекции за очекуваниот животен век на средината на овој век велат дека просечниот животен век во Шпанија ќе биде подолг од оној во далеку побогатата Данска. Исхраната и движењето се битни, но не се сè. Шпанците ги држи (долго) во живот и тоа што се дружат и смеат, макар седеле и јаделе чипс. 

Респираторите косеа во пандемијата

На почеток на пандемијата, луѓето во апаратите за механичко дишење гледаа спас ако фатат ковид и работата се искомплицира. Како доаѓаа податоци почнаа сомнежите, за на крај луѓе да молат да не бидат ставани на вештачко дишење. Во право биле. Стигнаа податоци за Германија. Но, ако таму податоците се лоши, кај нас беа катастрофални.

Половина од младите Американци не сакаат да имаат деца

Еден од најбрзо растечките демографски трендови во САД е порастот на оние кои не планираат некогаш да создадат и одгледаат дете. Ги викаат „dinks“, што е акроним од „dual income“ односно двоен приход и се работи за двојки кои живеат заедно без да го комплицираат животот со нови членови на нивната заедница. 

И ајкулите покрај Рио се на кокаин

Тестирајќи дузина ајкули од повеќе видови покрај бразилскиот брег, научници кај нив утврдиле екстремни нивоа на кокаин во црниот дроб и мускулите. Поморски биолози сугерираат дека кокаинот кај нив дошол преку канализационите одводи и остатоци од конзументите или пак и протекувања од илегалните лаборатории за производство на кокаин. Ајкуливе немаат малку повеќе кокаин во себе, туку многу повеќе.

Шпански град ќе ги запленува пешкирите за резервирање на плажа

Сите посетители на плажите на градот Калпе се потсетени дека им е забрането поставување на каква било опрема за резервирање место на плажа, од пешкир до лежалка, пред 9 часот наутро.

Имам одлучи да сподели каков е редот за тепање сопруга

Истакнат имам од Татарстан стана центар на вниманието на руската јавност отколку неделава објави видео во кое на верниците им дава насоки како правилно треба да се тепа сопствената сопруга.

Тоа што не успеа Мао Це Тунг, ќе успеат излудениве либерали

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, го потпиша контроверзниот „Закон за безбедност“ кој ги спречува училиштата да усвојат каква било политика која ќе бара од наставниците и персоналот да ги информираат родителите ако нивното дете сака да биде третирано како припадник на спротивниот пол или како „не -бинарно“. Културната револуција на Мао (детето ѝ припаѓа на државата а не на родителите) продолжува.

Скоро па добри вести ако летово се товите со сладолед

Ако веќе секако сте вон контрола и летово имате удрено на благо, најдобро е тоа да биде сладолед, бидејќи освен шеќерот тој да ти содржел и некои хранливи состојки.

Редовен годишен одмор за подолг живот

Клинички психолог наведува истражувања кои покажуваат дека оние што редовно одат на годишен, го намалуваат ризикот од прерана смрт за 20%. Ама не само оние фамозни седум дена, на колку што многу луѓе се решаваат. Човек почнува да се опушта дури после седмиот ден.

Монт Еверест не може да се дочисти од ѓубре

Екипи на Непал, составени од војници и шерпи/шерпаси имаа задача оваа пролет да го исчистат највисокиот алпинистички камп на Монт Еверест. Работеле тие цела сезона со една третина кислород колку што му треба на човек и на крај порачаа дека, за да ја завршат работата, ќе им бидат потребни уште години.

Дневното земање мултивитамини е добро за мултивитамините

Анализа на 400.000 здрави возрасни лица открива дека секојдневното земање мултивитамини не им помага на луѓето да живеат подолго, ниту пак има некои здравствени бенефити.

Да не знаеш за што попрво да избегаш

Жена од Сингапур успева да убеди некои си 30-на луѓе дека таа е божество па како што е ред почнува да ги молзи за пари, во вредност од некои си 10 милиони долари. И тоа не е ни приближно најлошото.

Истражувањата за транс медицина се манипулирани

Организацијата на лекари и практичари кои даваат услуги поврзани со родов идентитет на транс лица, вклучувајќи деца и млади, инсистирала тие да имаат завршен збор во научни истражувања кои ги нарачуваат на таа тема. Да не може без нив да се објави кој било податок, што значи да можат да скријат некој резултат ако не им одговара. Истражувачи се побуниле, па сепак, од шест доставени извештаи, досега е објавен само еден.

Небинарниот на Бајден избегна затвор

Сем Бринтон, своевремено првата нон-бајнери личност со лидерска позиција во администрацијата на Бајден (во Департментот за енергетика, одделот за нуклеарен отпад) нема да лежи затвор поради неговата навика од аеродром да заминува со туѓи куфери. Не му е првпат, третпат му е. Договорот е да ја врати облеката, да се извини и да замине на третман за ментално здравје. 

Не можеш толку да унапредиш човек колку што на него може да не му се оди во канцеларија

Четири години по почетокот на ковид пандемијата Дел не може да ги врати вработените во своите канцеларии, па објави цела иницијатива која треба да помогне околу тоа. Не помогна.

Што е следно после „Асексуалниот Прајд“?

„Колку помалку Прајдот ни служи нам, толку повеќе жени ќе се собираат на друго место,“ вели лезбејка за овогодинешната Парада на гордоста во Лондон која како меинстрим настан, сè повеќе е во челуста на транс-идеологијата. Порано геј луѓето требаа да се пазат од џандари и сељачаана, денес се пазат „од своите.“ 

Од изненадени жени, оваа

Мајка на две деца (едното 2, другото 3) останува трудна и оди да се прегледа на гинеколог. После прегледот е мајка на две деца што чека уште пет.

На повидок раскол меѓу Ватикан и Германија

Уште од почетокот на своето папство, Франциско беше напаѓан од конзервативните кругови дека отишол предалеку во прашања како што се хомосексуалноста, абортусот, капитализмот. Но последниве годин е на удар и на либералите кои бараат женски свештеници, промени во целибатот, комплетно прифаќање на ЛГБТ лица... Центарот им е Германија, во надбискупии кои имаат повеќе пари од Ватикан.

Фуџи се опорави поради ТикТокери

Јапонскиот Фуџифилм со години се обидуваше да се преориентира на здравство бидејќи продажбата на фотоапарати им беше „на апарати.“ Но откако млади ТикТокери го открија и инстантно се вљубија во еден нивен ретро дигитален фотоапарат, не успеваат да стигнат да произведат толку парчиња колку што ТикТокерите бараат. 

Фајзер, кај ќе ти оди душата

Кога пишувавме за контроверзното портфолио на Фајзер (пред пандемијата ја имаа платено најголемата отштета во историјата на здравството - 2,3 милијарди само за еден случај), ќе се најдеа апостоли кои врескаа дека со тоа ја поткопуваме вербата во науката. Професорот од Оксфорд, Карл Хенеган, ги извлече главните точки од тужбата на јавниот обвинител на Канзас против Фајзер и нивната содржина е прилично морничава.

Дали млекото е расистичко?

Академици од Оксфордскиот музеј со пари од британскиот буџет ќе ја истражуваат „политичката природа“ на млекото и неговото „колонијално наследство“, за кое еден од истражувачите тврди дека е „северноевропска опсесија“ која е наметната на остатокот од светот.

Каде оди отпадот од мозокот?

Мозокот се состои од околу 170 милијарди клетки. Додека ги обавуваат своите секојдневни функции и задачи, тие истовремено создаваат и доста отпад. За да остане здрав, мозокот треба да го исплакне сиот тој отпад. До сега беше мистерија како и каде оди ѓубрето од  мозочната активност. Два научни тима и три трудови го опишуваат канализациониот систем на нашите мозоци чие нарушување води до Алцхајмер и други белји.

Струјата можела да биде и побрза

Замислете вашиот мртов лаптоп или телефон да може да се наполни за само една минута а електричиот автомобил да биде полн за десет Може да звучи како научна фантастика, но ново истражување од тим научници од Универзитетот во Колорадо сугерира дека такво решение е на повидок. На физиката на помош ѝ притрчала хемијата.

Кој ќе оди во Турција на пресадување да олабави со енергетски пијалаци

Турски хирурзи за трансплантација на коса на своите пациенти почнале да им препорачуваат да прекинат со пиење енергетски пијалаци бидејќи тие им одмагаат во каузата заради која се дојдени.