Можеби затоа што завршуваше со „13", на некои луѓе годината што изминува навистина им беше малер. Еве ги оние кои неферски се стигматизирани како „лузери", а всушност едноставно имале помалку среќа.
Републиканскиот конгресмен веројатно си помислил: "Сега ќе ја напнам за дефиниции, таму се тенки". Наравоучение: На Хилари Клинтон не и се поставува прашање ако не си спремен да го поднесеш нејзиниот одговор.
За тоа дали со референдум може да се кратат нечии права, за поткупливите медиуми и за летаргичните поединци кои главно се мрзливи хејтери на кои сите им се криви за сè, од Тел Авив, Едо Маајка.
Авторот на листата на Вајр за најдобрите филмови за 2013-та не е пишман околу својот избор, само сака да објасни како е да се прави листа за годината, што мора да ја предадеш пред да заврши годината. Плус, малку е пишман.
Роден е во Индонезија, расте во САД и добива репутација на човек што може да ги најде најретките вина во светот, кои ги продава блесаво скапо. Едно време му текнува дека и он може да прави стари, скапи и ретки вина.
Во 2004-та Миреј Џулијано ја пишува книгата "Французинките не се дебелеат" во која им објаснува на жените низ светот дека тајната на Французинките е чисто психолошка - не им најважно да се најадат, туку да уживаат во тоа што го јадат. Сега Џулијано пишува како Французинките изгледаат одлично на 70-годишна возраст.
Бесна што не работеле и за Божиќ, жена на Фејсбук ја отерува компанијата у три лепе. Директорот седнува и ја отерува неа во четири лепе, потсетувајќи ја дека Божиќ важи и за неговите вработени.
Таа знае дека во едно општество не можат работите да се сменат преку ноќ но вели дека барем за Холивуд е лесно да ја смени сликата за родовата нерамноправност. Потребни се само два чекора, порачува Џина Дејвис.
Паралелно со доаѓањето на Божиќните празници во САД, доаѓа и дебатата околу тоа дека целата таа нација не треба да слави празник кој не е на сите и кој исклучува добар дел од луѓето. Како што има луѓе што ја напаѓаат идејата така има и луѓе што ја бранат.
Том Круз партал го направија откако ја спореди тежината на својата работа со онаа на американските војници во Авганистан. Кога истото го изјави и Канје Вест, сите му преќутеа, толкувајќи го го тоа како еден од неговите бројни его излети. Сè додека еден полицаец од Охајо не седна и му напиша одговор.
Млекарската индустрија во САД има започнато масовна кампања за да ги убеди купувачите дека чоколадното млеко е најдобар пијалак за спортистите после тренинг. Колку се во право?
Неколку дена пред пуштањето на третиот албум, Лејди Гага се раздели со својот менаџер Трој Картер. Кратко по ова и Џон Мајер ја отпушти својата менаџерка. Трент Резнор го отпушти Џим Гуеринот, за да потпише за агенцијата што ги води Фу Фајтерс и Квинс оф Стоун Ејџ.
Група активисти за права на животните се инфилтрира во фабрички фарми за производство на месо, каде тоа што животните треба да умрат за да се претворат во храна и не е најлошата вест. Она што го регистрираат е доволно да ве претвори во доживотен зобач на овес.
Комплетниот фонд на книги на Националната библиотека на Норвешка се дигитализира (се префрла од печатено издание на компјутер) и без разлика на авторот или сопственикот на правата, книгите ќе бидат бесплатни за читање.
Виралноста е светиот грал на рекламите, нема рецепт кој ќе ти гарантира успех во ова, единствено ако рекламата почне да ти се тркала на интернет знаеш дека си направил нешто добро и си ја погодил жичката. Ова се најгледаните реклами на ЈуТјуб за оваа година.
Додека во САД темата беше што му текна на Обама да прави селфи за време на погреб и колку многу ќе треба да се објаснува со жена му, Данците се бесни затоа што никој не ја препознал нивната премиерка во фотографијата со Обама и Камерон.
Во потрага по бескраен живот, научниците анализирале 46 различни видови вклучувајќи цицачи, растенија, алги и габи. На крај успеваат да најдат вид кој има вечен живот.
Не бил никогаш во Словенија. На домашна забава еднаш му ја донеле вотката и забавата му тргнала. Од сите можни поводи за интервју со Бил Мареј, ова е за тоа.
Со оглед на парите кои се вртат внатре, не е чудно што големите супермаркети се едни од најпедантно истражуваните простори на човечко однесување. Продавачот животно е заинтересиран за психологијата на својот купувач и притоа кумулирал низа трикчиња со кои му олеснува да си ги потроши парите.
"Користа од филмовите не е само во профитот," вели британскиот режисер Пол Гринграс објаснувајќи ја поразувачката профитна стапка на 600 британски филмови произведени 2003- 2010.
До сега истражувањата генерално се занимаваат со тоа дали сексот може да предизвика срцев удар, и тука одговорот е - не. Она што далеку помалку е истражувано е дали сексот може да се смета за фитнес вежба.