Во фолклорот не се користи терминот „оригинал", затоа што никој не може да докаже која е оригиналната верзија на која и да е усна книжевна творба. Но она што е познато е запишаното, а во случајов тоа се бајките од збирките на браќата Грим во Германија и на Шарл Перо во Франција, кои послужиле како основа за познатите цртани на Дизни. Но еве зошто некои од нив или воопшто не биле преточени во цртани филмови, или пак морале да бидат прилагодувани.
Црвенкапа
Ова е една од ретките бајки која Дизни ја нема адаптирано, веројатно затоа што било тешко да се скрие фактот дека, како и да ја свртиш, некој во приказната мора да биде изеден. А во верзијата на Грим тоа е бабата, и самата Црвенкапа, кои потоа ги спасува храбриот ловец, кој го распорува волкот и ги вади од неговиот стомак. Во верзијата на Перо нема ни ловец, а во други верзии самата Црвенкапа, а не волкот, ја јаде бабата и пие чаша од нејзината крв. Значи, имало и полошо.
Пепелашка
И кај Дизни и кај Грим приказната завршува весело, откако принцот ја наоѓа сопственичката на загубеното чевличе. Но страшните сцени во втората верзија се токму при крајот, каде злите полусестри си сечат делови од стапалата за да им се фати чевлата, а како казна за нивниот лошотилак гулаби им ги колваат очите, по што овие живеат како просјаци до крајот на животот.
Снежана
Во верзијата на Грим, која патем им се дава за лектира на сегашните второоделенци токму во оваа форма, маќеата бара Снежана да биде убиена, а како доказ да бидат донесени нејзиното срце, џигерот и белите дробови кои таа има намера да ги изеде за вечера. Со тоа што кај Грим нема стаклен ковчег и принц кој ја буди Снежана со неговиот бакнеж, туку таа едноставно умира. При преносот на нејзиното тело, заглавеното јаболко во грлото од тресењето се откачува, и таа оживува. Маќеата доаѓа на нејзината свадба, но за казна и облекуваат усвитени железни чизми во кои таа игра додека не падне мртва.
Заспаната убавица
Во верзијата на Дизни една принцеза си го боцнува прстот на вретено и спие 100 години пред да ја разбуди принцот со неговиот бакнеж. Но во верзијата на Шарл Перо заспаната убавица потоа на принцот му раѓа две деца кои љубоморната маќеа сака да ги зготви за вечера. Кога готвачот ги спасува нудејќи и јагне и телешко наместо детско, таа во дворот прави дупка полна змии во која сака да ги фрли. За среќа некој во дупката ја фрла во неа. И сите среќно и весело си живееле.
Рапанзел
Филмувана и испеглана се појави како 'Tangled', филм за киндапираното девојче кое расте заробено во замокот на вештерката. Па пушта коси ем "ветар да ги носи" ем за "прави скала да се качам" да може принцот да ја спаси. Кај Грим обратно, баш косата ја вовлекува во бељи. Пар интимни средби со него и - Рапанзел бива благословена. Вештерката ифрит заради тоа, ѝ ја сече косата и ја протерува в шума, каде што го раѓа бебето и живее едвај, едвај. А принцот бива намамен од исечената коса кај замокот на вештерката па се ничкосува од високо. На крај, сè ок.