Хакери блокираа студија што поврзува рак со вакцини против ковид

Неразјаснет хакерски напад го спречил пристапот до нова глобална студија во која се откриваат врски помеѓу нови и „разбудени“ случаи на рак кај луѓе по вакцинација против ковид. „Цензурата е жива и здрава во САД и влезе во медицината на голем, ужасен начин“, забележува еден од авторите на истражувањето спроведено во 27 земји. 

Студијата на онколози од Универзитетите Тафтс во Бостон и Браун во Род Ајленд била објавена во рецензираното списание Oncotarget на 3 јануари. Само неколку дена подоцна, веб-страницата на Oncotarget била недостапна поради кибернетски напад врз серверите, со што било спречено додавање и пребарување нови трудови во индексот.

Журналот не издвојува виновници, но се сомнева дека хакерите се поврзани со анонимната група PubPeer, онлајн платформа на која истражувачи можат анонимно да коментираат рецензирани научни трудови откако ќе се појават во списанија. Инцидентот бил пријавен до ФБИ, кој ниту потврдува ниту негира дека почнал каква било специфична истрага.

Цензурата е жива и здрава во САД и влезе во медицината на голем, ужасен начин, забележа еден од авторите на трудот, д-р Вафик Ел-Дејри.

Во прегледот се анализираат 69 претходно објавени студии и извештаи и се идентификуваат 333 случаи во кои ракот бил новодијагностициран или брзо се влошил во рок од неколку недели по вакцинацијата против ковид. Прегледот опфаќа студии спроведени од 2020 до 2025 година во 27 земји.

Авторите нагласуваат дека само забележале впечатливи шеми, што не е доволно за да се воспостави директна причинско-последична врска помеѓу вакцинацијата и ракот.

Во САД при испитување на 1,3 милиони припадници на воената служба бил откриен пораст на некои видови рак на крвта по 2021 година, кога беа воведени вакцините против ковид. Издвоени се и случаи на ненадејни влошувања на бавно растечки карциноми кои биле стабилни пред примањето на вакцината против ковид, како и инциденти каде што вакцината „буди“ одредени вируси кои можат да доведат до рак, како што е човечкиот херпес вирус 8.

Истражувања спроведени на 300.000 луѓе во Италија и на 8,4 милиони луѓе во Јужна Кореја откриле повисоки стапки на рак на тироидната жлезда, дебелото црево, белите дробови, дојката и простатата кај вакцинираните лица.

Наодите варираат во зависност од возраста, полот, видот на вакцината и дозата, при што пациентите кои земале повеќе дози од вакцината против ковид подоцна имале повисоки стапки на некои видови на рак, како на желудникот и панкреасот. Кај возрасните лица помлади од 65 години бил забележан повисок ризик од развој на карцином на тироидната жлезда и дојката по вакцинацијата, а постарите од 75 години имале поголем ризик од рак на простата.

Овие наоди ја нагласуваат потребата од ригорозни епидемиолошки, лонгитудинални, клинички, хистопатолошки, форензички и механистички студии за да се процени дали и под кои услови вакцинацијата или инфекцијата против COVID-19 може да бидат поврзани со рак, заклучува тимот во студијата што ја споделија онлајн.

12 јануари 2026 - 14:56