Ендрју Кронин е педијатар кој во својата практика се среќава и со родители кои имаат дилеми околу вакцините. А за справување со такви ситуации докторите не се најобучените лица на светот па неретко одат по линија на помал отпор: или ќе се повикаат на законот или ќе го проследат проблематичниот случај на друга инстанца.
Кронин порачува дека е тоа погрешно. Се разбира дека е тој за вакцинација на децата, бидејќи науката со која се занимава има куп аргументации во полза на вакцините. Но, едноставното плашење (детето ќе ти страда) некогаш не е доволно да се убеди родителот па мора со него да се биде трпелив и најразумно да му се предочи целата аргументација зошто да го вакцинира своето дете.
Кронин вели дека таквото убедување знае да биде и фрустрирачко (со оние родители кои сакаат да зборуваат ама не и да слушаат а и кога слушаат не сакаат да разберат) но во најголем број случаи, ваквиот пристап давал резултати.
Од својата пракса, од сите свои обиди и грешки, тој ги пренесува следниве примери како еден доктор треба да разговара со родител на кого вакцинацијата му е проблематична одлука:
Родител: Постојано слушам за негативните ефекти на вакцините..
Одговор: Каде сте слушнале?
Родител: Главно од славни личности или на блогови, и кога ги споредувам со научни извори добивам многу различна слика.
Одговор: Зошто не ми дадете некои од вашите извори, а јас ќе ви дадам мои.
Родител: Се грижам зарaди аутизмот.
Одговор: Секако дека се грижите. И јас сум загрижен во врска со аутизмот. Но целото тоа поврзување на вакцините и аутизмот всушност е огромно, залудно трошење енергија и пари кои би можеле да бидат потрошени попаметно. Тоа е страв базиран на лажна наука. Има одлични студии за поврзаноста помеѓу пестицидите и аутизмот, потоа други кои покажуваат врска помеѓу генетски нарушувања и аутизмот. Но ако ги погледнеме истражувањата за тоа што не предизвикува аутизам... вакцините е докажано дека не се поврзани со него повеќе отколку што и да е друго.
Родител: Загрижен сум заради адитивите.
Oдговор: И јас исто така. На пример за кои? Некои велат заради тимеросал, но тој е отстранет од равенката. Знам дека некои интернет сајтови зборуваат за секакви видови состојки кои во вакцините ги има во микроскопски количества. И тоа е добро што се мисли на нив, но во реалноста нуаката нема покажано нуспојави од адитиви во вакцините.
Родител: Сакам да го пробам алтернативниот распоред за вакцини за кои имам прочитано.
Одговор: Иако и тоа е подобро од ништо, алтернативниот распоред ги остава децата изложени на инфекција. Дали ќе ги оставите да бидат ранливи на една форма менингитис а на друга не? Дали ќе ја ризикувате можноста за епидемија на нешто што не сме го планирале? И, што е со траумата која ќе ја предизвикате за да ги проретчите вакцините, со тоа што ќе ги примате на неколку недели, а не сите заедно?
Други разговори овозможуваат да се дискутира во врска со вакцините:
Родител: Тој падна и се пресече на лицето.
Одговор: Знам дека не сте се вакцинирале претходно и дека имате некои резерви околу тоа. Но сега сме соочени со тешка ситуација. Нему навистина му треба тетанус за да го заштити. Заедно со оваа инекција, тој ќе ја добие и вакцината за пертусис (голема кашлица), со оглед на тоа што неодамна имаше неколку изблици на оваа болест, сигурен сум дека сфаќате зошто му е потребна. Да му ја дадеме денес.
Родител: Читам за епидемијата на сипаници и се плашам.
Одговор: И јас се плашам и се грижам за вашето дете. Вие сте одбрале да не го вакцинирате, и тоа дефинитивно е под ризик во моментов. Навистина не постои ништо друго што може да го заштити. Потребни се две недели за да биде заштитено, затоа да почнеме денес.
Некои од најдобрите разговори кои сум ги водел се фокусираат на тоа зошто воопшто се вакцинираме.
Родител: Ние се доиме, јадеме органска храна и сме многу активни. Нам не ни требаат вакцини.
Одговор: Сето тоа е одлично. Тоа што го практикувате навистина штити против голем број болести, но ниту една не е покажано дека заштитува од пневмокок или ротавирус, или која и да е друга болест од која се вакцинираме. Вие веќе правите доста работи, ајде да направиме уште еден чекор и да ги прими вакцините.
Родител: Дали навистина мислите дека му требаат овие вакцини?
Одговор: Да. Имам син. Се грижам за неговото здравје, за неговиот развој, за тоа што јаде, со кого си игра. Веројатно дури и претерувам. И го вакцинирам. Се вакцинирам и себеси за да го заштитам своето здравје и здравјето на моите пациенти.
Родител: Но моите деца се здрави.
Одговор: Да, се. И вакцините ќе им овозможат да продолжат така. Исто така треба да мислиме на другите луѓе. Да речеме дека вашето дете ќе добие мали сипаници. Ќе го тргнете за да не зарази други, но дали знаете дека болеста може да биде најзаразна првите неколку денови додека не се покаже осипот? Во овие неколку дена можете да заразите некое новороденче или лице со рак или со дефектен имунитет. И додека вашите деца можеби ќе поминат лесно, некој друг може навистина да се разболи.
Родител: Но никој навистина не се разболува денес од овие болести.
Одговор: Така изгледа. Но од време на време кога стигнуваат вести за епидемија на сипаници или голема кашлица, тоа нè потсетува дека овие болести се само под контрола, а не искоренети. Лично едвај го чекам денот кога овие болести ќе исчезнат за да можеме да престанеме да вакцинираме против нив.
Сепак има и семејства во посебни ситуации. Имав еден родител со неколку деца со аутизам, и други со хронични медицински состојби. Тие биле одбиени од друг педијатар затоа што сакале да одбегнат една рунда вакцини. Нашиот разговор одеше вака:
Родител: Знам дека вакцините не им го имаат предизвикано аутизмот на моите деца, но забележувам дека назадуваат после неколку боцкања. Исто така регресираат и кога се болни, па би сакал да ги добијат нивните вакцини полека и кога не се болни.
Одговор: Не сум видел ништо во литературата во врска со ваква реакција на вакцини. Ви препорачувам целосно да ги вакцинирате и да ги заштитите од овие сериозни болести кои можат да имаат големи последици по остатокот од семејството. Но сепак, не сум на ваше место. Кажете ми што сакате да направите. (Во овој случај децата беа вакцинирани но со задоцнување. Имаа малку назадување по некои боцкања, а по други не. Исто така назадуваа периодично и кога не добиваа вакцини)
Друг родител дојде со диплома по хемија и студија за нивоата на имуноглобулин кои според него се доволни и по само неколку боцкања. После дискусија за тоа колку долго остануваат високи овие нивоа, и дека ревакцинацијата обезбедува трајна заштита, на крај децата беа коректно вакцинирани.