Анализата ја прави Северна Каролина Стејт Универзитетот, која ги истражува 12-те најчести теми во текстовите на број 1 песните на Билборд топ 100. Целта е да утврдат дали може да се предвиди комерцијалниот успех на песната врз основа на нејзиниот текст.
Излегува дека може. Пишувањето текстови на теми кои се популарни во одредени декади е еден од факторите кои ќе одреди дали песната воопшто ќе заврши на Билборд топ 100.
Тие ги откриле и главните тагови по децении:
1960-ти - носталгија, болка, бунт
1970-ти - носталгија, бунт, измаченост
1980-ти - загуба (не финансиска), аспирација, збунетост
1990-ти - загуба (не финансиска), инспирација, бегање од реалноста
2000-ти - инспирација, болка, очај
Истражувачите ги анализирале топ двајцата музичари во секоја декада од 1950-та до 2009-та. Заклучокот бил дека присуството на некоја од топ 7-те најчести теми во текстот на песната со 73-процентна точност одредувал дали таа песна ќе се најде на топ 100 листата на Билборд. (7-те се: загуба, копнеж, аспирација, раскинување, болка, инспирација и носталгија.)