Што ако се надуваш и начукаш во исто време

Прво да се разбереме насловот не е предизвик. Второ ги знаеме ефектите и на едно и на другото, како дејствуваат сам по сам. Трето, научници веќе ја имаат пробано оваа варијанта.

За почеток професорот по психологија од Охајо Стејт Универзитетот, Гери Венк, објаснува дека разликата меѓу марихуаната и алкохолот не е како споредување на јаболка и портокали, туку повеќе е "како да споредуваш јаболка и зеленчук. Ова се две сосема различни дроги." Поедноставено објаснување за ефектот на двете е дека марихуаната има когнитивно влијание, додека алкохолот влијае на моторните способности.

Според студија на Харвард од 2001-ва, ефектите од двете состојки не се надополнуваат една со друга (не те онеспособуваат по двете основи), туку алкохолот за 2 пати го зголемува количеството на ТХЦ во крвта, ама во исто време кај нив и многу побрзо избледувал ефектот на марихуаната.

Едно од објаснувањата е дека благодарејќи на алкохолот поголеми количини на ТХЦ стигаат во мозокот, бидејќи алкохолот го менува начинот на кој вдишениот ТХЦ се апсорбира во крвните садови. Според професорот кој го спроведува истражувањето, оваа комбинација не е смртоносна, ама сепак е далеку поризична отколку да се напиеш или надуваш одделно.

Во ново истражување на Универзитетот Дјук се покажало дека глувците кои во исто време биле на етанол и ТХЦ помалку биле заинтересирани за истражување, отколку оние кои биле само на една од овие супстанци.

24 март 2014 - 13:32