Живот и забава

Безглутенско подмачкување

Благодарејќи на познатите од калиброт на Гвинет Палтроу или Новак Ѓоковиќ, безглутенската диета денес е една од најшик режимите на исхрана. Луѓето шпедантно пазат да не голтнат глутен, ама притоа бутаат мрсно без мерка.

Јајцата ќе се апдејтираат

Претприемачите од Силициумската долина одамна размислуваат надвор од класичнaтa информациска и технолошка кутија. Ако овој стартап успее, ќе имаме јајца 2.0

Збогување на Мандела од насловните

Мандела беше еден од најпочитуваните светски лидери во историјата, или како што Онион во ретко несаркастичен наслов порача "Нелсон Мандела стана првиот политичар кој ќе недостасува." Еве како весниците се поздравија со човекот што го сруши Апартхејдот.

FX3X со 3 филмови меѓу номинираните за Оскар за најдобри ефекти

Ноќеска Академијата го објави списокот на 10-те филма номинирани за најдобри визуелни ефекти, меѓу нив 3 филмови на кои работеше ФХ3Х: "Iron Man 3," "The Lone Ranger," и "World War Z." На овие филмови ФХ3Х беше дел од тимовите на Scanline, Industrial Lights & Magic и MPC.

Едвај чекам 2013-та да заврши

"Седев по дома и станував хипохондар" вели Ноел Галагер кој при крајот на годинава проценува дека 2013-та му била тешко срање. За музиката во 2013-та: "Секоја година во која Боуви ќе издаде албум е добра музичка година". Далеку построг кон Лејди Гага, Мајли Сајрус, Arcade Fire....

МИТ повторно го измисли тркалото

Изумот е производ на заедничката работа на највелосипедскиот град на светот, Копенхаген, и на некои од најпаметните луѓе на светот, МИТ.

Загарантирана откупна цена за емпетројки?

Секој пат кога некој ќе пушти песна на музичкиот сервис Спотифај, сопственикот на авторските права на песната добива меѓу 0,2 денари и 0,38 денари. По оваа математика, за бендот / артистот да заработи 1 денар неговата песна треба да биде пуштена 5, односно 3 пати (во зависност од тарифата).

Што добиваат швалерките во Кина

95% од корумпираните кинески функционери имале љубовна афера, а 60% имале постојана љубовница (барем една). И не е дека мора да бидеш корумпиран за да имаш швалерка, само проблемот е што оваа навика не е воопшто евтина.

Њузвик се пишмани

На крајот од минатата година Њузвик ја донесе историската одлука да прекине да се издава во печатен формат и да стане исклучиво дигитален. Некаде во август Њузвик се продаде и некои работи се сменија.

И мајмунот е човек

Ако Дарвин бил во право, и ако мајмунот ни е навистина толку близок роднина (некому прв братучед, некому золва), тогаш зарем тој не заслужил да му бидат загарантирани барем некои од човечките права? Една американска невладина организација го бара токму тоа.

Фотографиите кои го покажаа АИДС-от

Точно пред 23 години, во ноемврискиот број на магазинот Лајф излегуваат фотографии кои за прв пат го соочуваат светот со реалното лице на сидата. Болниот Дејвид Кирби, неговото семејство и еден полуиндијанец се главните јунаци во оваа приказна без хепиенд. Ако сте чувствителни, не мора да гледате.

Што е заедничко за Карл Маркс и Папата

Не само што беше остра критиката за капитализмот, туку во минатонеделниот текст Францис покажа дека овој пат светот има работа со папа кој е добро упатен во економијата, посебно во врската меѓу разузданиот капитализам и нееднаквоста.

Вработените не сакаат креативни шефови

Без споредба, шефот е факторот кој има најголемо влијание за тоа колку еден вработен ќе остане на работното место. По основа на лоша атмосфера создадена од недоразбирање меѓу шефот и вработениот, американската економија годишно губи 350 милијарди долари.

Како не го видовме Том Вејтс во филм на Манчевски

"Работев филм за 20th Century Fox. И сценаристот и јас сметавме дека Том е создаден за улогата на лудиот, секогаш издрогиран готвач во каубојската тврдина отсечена со снег. Том ги има гледано моите филмови, го прочита сценариото и веднаш ја прифати улогата....

Кој пие заедно, останува заедно

Меракот на алкохол може директно да ја претскаже судбината на вашата врска. Ако е некаква утеха, комбинацијата на врска и алкохол може да има и позитивен исход.

Изгледа постоел Луи Витон и оригинал

Која купила - купила, која не - нека побрза. За најфалсификуваните чанти на светот се затвора главната интернет магистрала по која досега циркулираа.

Каков е сексот кај обичните луѓе

Не базирано на порно ѕвезди, фалење на софра или ветувања дадени од најразлични мажјаци, туку по основа на исповеди на 46.000 луѓе во периодот од 1990-та до 2010-та, треба да ви соопштиме дека и покрај се повеќе голотија што гледаме, луѓето денес имаат помалку секс.

Најмоќната критика на модерниот капитализам од Папата Франциско

Во првиот сериозно голем текст што го напиша за време својот понтификат (288 страници), Папата на досега ретко моќен начин го осудува постојниот светски финансиски систем, опсесијата со трошење, нееднаквоста и тиранијата на капитализмот.

Не, Грците не се заразуваат намерно со ХИВ

По македонските медиуми неверојатно брзо се прошири вест дека Грците намерно се инфицирале со вирус на ХИВ за да добиваат социјална помош. Не, сепак не се до толку глупи.

Телевизијата полека умира

Денес во САД има 5 милиони претплатници на кабелска помалку отколку во 2010-та, а главното објаснување е дека се наоѓаме на почетокот на историската промена од гледање телевизија во гледање видеа.

Работата завршува во понеделник во 11

Анализа открива во кој дел од неделата сте највредни и најефикасни. Проблемот е што ако го читате ова во понеделник до кај 11 часот наутро, само што го потрошивте најефикасното време во неделата.

Највирални реклами за '13.

Отприлика ова е периодот кога ќе почнат да излегуваат "Нај во 2013-та" листите по секакви основи. Една од првите е списокот на највирални реклами на годинава, а ја составува Unruly Media.

Катарката што господари со светската уметност

Се вика Ал Мајаса бин Хамад бин Калифа Ал Тан, има 30 години, одговорна е за музеите во Катар, минатата недела (според Њујорк пост) купи уметничко дело на Френсис Бејкон за 142 милиони долари, има баснословен буџет за трошење и сестра му е на Емирот од Катар.

3 децении вести од светот

САД е клучниот субјект во насловите (и темите) на вестите обработени во светот од 1979-та до 2013-та, и оваа бројка се базира на 43 милиони новости пренесени во овој период.