Тимоти Тајлор е еден класичен средовечен професор по екомонија кој деновиве е вистинска ѕвезда во порно светот на интернетот.
Пресвртот во животот на овој човек (кој е татко на три деца и пишува книги со смртно досадни наслови од типот: "In Defense of Outsourcing and Shortfalls in the Long Run: Predictions About the Social Security Trust Fund") се случи кога уште пред две години, некој закачи видео од негово предавање на популарниот порно сајт Xvideos.
Првиот клип беше избришан, но, деновиве Тајлор уште појако се врати на истиот сајт, со предавање на жешката тема "Поделба на трудот".
Иако од неговиот изглед и говор на тело е јасно дека тој нема намера да ја олабави вратоврската и да обесчести некоја мома потпрана на рафтот од Милтон Фридман, популарноста на жанрот професор(к)и - студент(к), како и фактот дека видеото е на порно сајт направија околу ова економско предавање да се рашири весела популарност.
Коментарите се пишурија. На некои ама баш ништо не им беше јасно:
"Што побогу прави ова на Xvideos?"
"Ќе ми каже ли некој кога почнува порното, речиси сум при крај а уште нема акција? :( "
А уште позабавни оние кои гледаа да извадат колку-толку од материјалот:
"Ух, ама овој зборува валкано"
"Го нема продукциското ниво Digital Playground или Vivid, и не е баш јако со женски ама јас двапати свршив гледајќи го ова"
* Повелете линк до предавањето на тема "Поделба на трудот" од професорот Тимоти Тејлор. Кој кликне таму на друго, ќе гори во пеколот.