Живот и забава

Секој ангел со свое бреме

Најтешко е да те одберат да бидеш една од малубројните женски на светот кои заслужуваат да бидат еден од ангелите на Викторија Сикрет. Ама, и после не е лесно, се пожали Кендис Свaнепол.

Митови за ХПВ

Ние обично не пишуваме за теми во време кога за нив постои медиумска бука. Бидејќи во бука, ништо не се разбира. Затоа, кога темава е ладна, да искористиме прилика да потсетиме зошто е битна. 

Две во едно

Од јуни до август кинеш зрели домати а некаде на есен, кога доматите завршуваат, го корнеш растението и оздола вадиш компири. Ренде уште му немаат накалемено.  

Градот убав пак ќе пие

Алкохоличари и чисти улици може да бидат логично поврзани само во Амстердам. Идејата е зошто градските алкохоличари да не фатат да ги чистат улиците, а за возврат да им биде платено во пиво, тутун и евра.

Телевизор против разводи

Можете со брачниот не/пријател да гледате ист телевизор а да си бидете башка Тито, башка Јованка. Што се 8.000 евра за раат?

Јаболкото да се јаде цело

Американците годишно фрлаат повеќе од 13 милијарди долари само на основа на тоа што ја фрлаат средината од јаболкото. Ете повод за една нова иницијатива за која не сме сигурни колку "ќе се фати".

Капирај и не копирај

30 години од издавањето на првиот албум на Дисциплина кичме, Која е малку збунет од баналноста на денешната музика. Вели: Денес и "Smoke on the water" звучи како алтернативна песна а беше нешто од што панкот побегна.

Зошто децата не сакаат зеленчук

Одбивноста кон зеленчукот кај најмладите можеби се должи на природниот инстинкт за преживување.

Исповед на среќната курва

Се до упадот на ФБИ (во кој падна и тогашниот гувернер на Њујорк), Emperor's Club е најелитниот ескорт клуб во Њујорк, во кој клиентите плаќаат и до 30.000 долари на ден за девојка. Во него работи Валери Бабер, поранешниот плејбој модел.

Твоето интервју не е ексклузивно

Како луѓе кои работат со зборови новинарите владеат цел лексикон со термини чија главна цел е полнење на сопственото его и оставање впечаток за вештината со која тие работат. А не е секогаш така.

Џон Оливер доби сопствено шоу на ХБО

После феноменалната летна сезона како замена на Џон Стујарт во Дејли шоу, беше само прашање на време кога некој ќе го ќари Џон Оливер. Победник во трката излезе ХБО.

И Њујорк не е имун на Бит-пазар

Од интернет и од срцепарателните приказни на нашинци што се нашле во Њујорк, знаеме за пеколната цена на кутија цигари од 5,85 долари (267 денари, кој било бренд). Од животно искуство знаеме што се случува кога некој ќе ја покачи цената на цигарите заради акцизи и даноци.

ЈуТјуб видеото што ќе спаси милиони бебиња

Пред 7 години еден автомеханичар од Аргентина гледа видео на ЈуТјуб за тоа како со помош на кеса да извадиш плутана тапа од заглавена во шише. Добива инспирација за еден од најкорисните медицински изуми.

Роди ме мајко директор и фрли ме на буниште

Мнозинството луѓе, без разлика дали се машки или женски, сакаат да спијат со своите колеги, а посебно со шефот, без разлика дали е машки или женски.

Затвор за вежбање клавир

Мала пакосна одмазда за сите оние анонимни жртви кои во животот некогаш имале комшии убедени дека нивното најмило има особен талент за музика па му купиле инструмент., обично од најгласните. "Го гледам, одма ја фаќа мелодијата" гласи најчестата објективна рецензија на амбициозниот родител кој со мелодија обично се среќава само на слави и други веселби. Е па, купи му кавал и нека вежба во планина.

Во лагата се болни рацете

Популарен дејтинг сајт кој на луѓе во врска им нуди прилика за вонбрачни авантури е тужен за огромни пари од поранешна вработена која била најмена да прави лажни профили на женски. Чекајте, колку е тоа етично нема врска со тужбата.

Бонд го уби синот на Ем?

Една година по премиерата на Скајфол професорот Стивен Картер (професор по право на Јеил) решава дека сега, без да му го расипе филмот на кого било, може да ја објасни својата теорија дека главниот негативец, Силва, е всушност син на Ем (Џуди Денч).

Една е мајка

Кога пред неколку години го шокираше светот (ова малку условно де) со најавата дека дефинитивно се повлекува од снимање порно филмови, тоа го објасни потсетувајќи дека има деца. Денеска повторно се враќа пред камерите, од истите причини.

Кина гради град без автомобили

Ќе се вика Грејт Сити и од нула ќе биде изграден на ледина. Во него треба да собира 80.000 луѓе, кои ќе можат секаде да стигнат пешки.

Тинејџерите бегаат од Фејсбук

Младата популација која евангелски го рашири гласот за феноменот Фејсбук, сега полека ја напушта платформата откако на неа дојдоа нивните мајки, татковци, вујковци и стрини.

Аудиција за метро

Ниту еден од околу 300 музичари што свират низ метрото во Париз не е таму случајно. Секој од нив има лиценца, која ја добил после аудиција за позицијата.

Нова задолжителна ХТЗ опрема за порно

На фотографијата препознавате кондом кој е разбирлива опрема за заштита при работа на оние кои лебот го вадат снимајќи порно во ерата на АИДС-от. Се разбира дека го препознавате и ова другово. Очила, исти како кај металостругари, дрвосечи и слично. Да, да, со иста намена - да не прска.

2013-та, година на 404 и Fail

Аналитичарите на зборови од Global Language Monitor следеа кои зборови најдобро ќе го отсликаат муабетот во англиското говорно подрачје. На кратко, 2013-та е технички и политички проблематична година.

Автомобилите што ќе ги возиме во 2050-та

Прво да расчистиме дека и во 2050-та ќе имаме автомобили, ништо од тие форите со летањето нема да се случат. Ама за тоа, она што тогаш ќе го возиме нема да личи на ова денешното.