Во една студија од испитаниците се бара да ја скријат својата сексуална ориентација за време на интервју. Сите овие луѓе имале полоши резултати на задачите за просторно ориентирање, многу подрско реагирале на критика и побрзо се откажале на тестовите за стисок со рака.
Дополнителна студија бара едни испитаници да се сетат на важна тајна, а други на некоја тривијална. Потоа двете групи требало да одредат колку еден рид е стрмен и колкава е оддалеченоста до една локација. На овие од првата група ридовите им изгледале пострмни, а локациите подалечни. Кога истражувачите побарале помош од испитаниците во селење на книгите од лабораторијата, лицата од првата група пренеле помалку купчиња.
Уште најмалку три други студии го поврзуваат чувањето тајни со проблеми: првата, наоѓа врска меѓу чувањето емоционални тајни и настинки или болести; втората, сумира повеќе истражувања кои покажале дека пишувањето на тајните што ги знаете помага во засилување на имунитетниот систем; и третата, открива дека тинејџерите кои им се доверуваат на своите родители или на блиските пријатели помалку се жалат за физички проблеми и самотија или депресија.
"Една од причините зошто чувањето тајни е толку тешка работа е што тајните, како и непосакуваните мисли, заземаат поголем простор во мозокот секој пат кога ќе се обидете да не размислувате на нив," пишува Сара Јагер за Атлантик.