- Мемфис, Тенеси, ќе биде следниот американски град во кој претседателот Доналд Трамп ќе испрати припадници на Националната гарда за да „воведат ред“.
- „Одиме во Мемфис. Мемфис е во длабоки проблеми“, порача Трамп, без да најави кога точно би ги испратил трупите. Тој претходно предупреди дека ќе нареди распоредување припадници на Националната гарда во Њу Орлеанс, Балтимор и Чикаго.
- Градоначалникот на Мемфис, демократот Пол Јанг, изјави дека не побарал распоредување на војска. „Мислам дека тоа не е начин да се смири криминалот“, изјави Јанг, но најави дека заедницата би имала полза ако распоредувањето се спроведе на стратегиски начин: „Потребни ни се финансиски средства за интервенција и спречување, повеќе патролни офицери и поддршка“.
- Според податоци на ФБИ, Мемфис е град со една од највисоките стапки на криминал во САД. На 100.000 жители има 2.501 случај на насилен криминал.
- Трамп на 11 август нареди федералните власти да ја преземат контролата на Вашингтон ДК од градската полиција и ја активираше Националната гарда во главниот град на САД. Мерката со времетраење од 30 дена измина пред два дена, но се очекува федералните трупи да останат. Откако тие уапсија стотици осомничени лица, Трамп објави: „Вашингтон ДК сега е речиси ослободен од криминал“.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.