Сосема едноставен експеримент покажал дека машката самодоверба е толку кревка што може да ја разниша обичен потег кој жените најнормално би го протолкувале како гест на љубезност.
Истражувачи и испитаници, во двојки заедно доаѓаат кон врата. Половина од истражувачите ја отвораат вратата и го пуштаат испитаникот да влезе прв, другата половина оставаат секој да го отвори свое крило од (двојната) врата.
Последователните прашања утврдиле дека испитаниците од првата група покажуваат симптоми на несигурност и намалена доверба во себе, за разлика од оние кои сами си отворале врата кои останале со сочувана "машкост".
Истражувањето изгледа едноставно како скица меѓутоа има и други испитувања на оваа тема кои сугерираат слични заклучоци.
На пример, утврдено е дека машата самодоверба значајно крвари ако тој дознае дека на ист тест поминал полошо од својата жена. Во случај на обратен резултат, на жената не ѝ чуе.
Држење врата, придржување столче или капут се дел од борбените тактики со кои во иднина можете да пробате да трауматизирате некој самоуверен мажјак по сопствен избор.