До сега Стрип е номинирана 18 пати за Оскар, од тоа таа ја освојува наградата само во 1979-та, 1982-ра и 2011-та. Од другата страна е Волт Дизни, човекот кој има 59 номинации за Оскар и 26 награди. Подеднакво далеку од Мерил Стрип е и композиторот Џон Вилијамс, кој има 49 номинации и 5 освоени Оскари.
Бен Хур (1959.), Титаник (1997.) и Господар на прстените: Враќањето на кралот (2003.) се единствените филмови кои имаат освоено по 11 Оскари. Наспроти нив се најголемите губитници на Оскарите The Turning Point (1978.) и The Color Purple (1986-та), кои имаа по 11 номинации, а не освоија ниту еден Оскар. Во поединечна конкуренција најголем губитник е инженерот за звук, Кевин O'Конел, кој од 1983-та е номиниран 20 пати, а ниту еднаш нема победено.
Првото издание на Оскарите е комплетно разочарувачки. Во 1929-та на церемонијата присуствуваат 270 луѓе, а таа трае 15 минути и се доделени вкупно 15 статуетки. Влезницата за овие награди чини 5 долари.
Ниту еден од годинешните кандидати за Оскар за најдобар филм немаше премиера во пролет или лето.
Џенифер Лоренс е најмладата актерка која има 3 номинации за Најдобра актерка. Џуди Денч има 7 номинации за Оскар, од кои сите ги добива откако наполни 63 години. До сега 20 актери и актерки имаат добиено Оскар за нивните улоги во филмови на Мартин Скорсезе.