Како Хелветика го освои светот

Минатата недела почина Мајк Паркер, типографот кој е најзаслужен за промоција на фонтот кој стана дел од глобалната визуелна култура и чиј дизајн може да го препознае и ненавежбано око.

Многумина мислат дека популарноста на овој фонт се должи на одлуката на Стив Џобс да го искористи во Епл меѓутоа дизајнот постои неколку децении пред да се појават компјутерите.

Зад елегантната Хелветика стојат швајцарските дизајнери Емил Рудер и Армин Хофман од Базелската школа на дизајн кои во 50-тите и 60-тите години го промовираат швајцарскиот стил во дизајнирањето (Helvetica е латинскиот назив за земјата) .

"Основната задача на типографијата е да ја пренесе информацијата во пишувањето" ќе рече Рудер објаснувајќи ја филозофијата на едноставноста во нивните трудови.

Официјално, Хелветика е пуштена во употреба во 1957-ма под оргиналното име  Neue Haas Grotesk. Од Базел фонтот бргу се проширува и во САД (кога американските студенти се вратиле во својата земја).

Ќе најдете и хејтери на Хелветика но тоа е судбина на сечија популарност; тоа е еден од ретките дизајни кои му се препознатливи и на не-дизајнерското око. Чиста, економична, елегантна а компаниите често ја одбираат за лого како "сигурно решение".

Погледнете кои сè светски брендови се напишани на Хелветика фонт кој заслужи да има и филм за него.




 

lufthansa5
lufthansa5
40 Excellent Logos Created with Helvetica photo

 





 

toyota
toyota
40 Excellent Logos Created with Helvetica photo



 

 

microsoft
microsoft
40 Excellent Logos Created with Helvetica photo

 
 

 

caterpillar
caterpillar
40 Excellent Logos Created with Helvetica photo

evian
evian
40 Excellent Logos Created with Helvetica photo

 

 

dole
dole
40 Excellent Logos Created with Helvetica photo



gm
gm
40 Excellent Logos Created with Helvetica photo

 



 

digital
digital
40 Excellent Logos Created with Helvetica photo



1 март 2014 - 16:00