Овие 700 милиони (кои се движат накај 750) се само од продажба на кино-влезници. Според експертите ова е само третина од заработувачката на филмот. Втората третина ќе дојде од продажба на ДВД-а, а последната третина е од продажбата на телевизиските права.
Опцијата за делење на приходите Булок ја доби затоа што Ворнер Брос беа очајни да ја потпишат неа за главната женска улога во филмот. Единствен друг актер кој има сличен договор е Роберт Дауни Јуниор, кој заработи 50 милиони долари за Avengers.
Откако Анџелина Џоли се откажа од филмот, од Ворнер Брос проценија дека Булок со нејзиниот Оскар за The Blind Side, ќе може да го носи филмот посебно големите периоди кога е сама на екран.
Втора причина е што Булок и нејзините агенти го потпишаа договорот кон крајот на 2010-та, пред студиото да почне да штеди. Трето, со актерска екипа од вкупно двајца (Булок и Клуни), Ворнер Брос можеше да си дозволи да троши на плати. (Уште не е познато колку ќе заработи Клуни за неговата улога.)
Инаку, профитот на Гравитација е поголем од вкупниот профит на сите филмови номинирани за Оскар. (Снимањето на филмот чинеше 100 милиони долари.)
За споредба, во 2013-та Анџелина Џоли заработи 33 милиони долари од филмови и спонзорства, а Џенифер Лоренс, по иста основа собра 26 милиони долари.