Минатата година Оскарите имаа 40,3 милиони гледачи од САД (со што беа 7-мо најгледано шоу во САД за 2013-та, сите останати во топ 10 беа од НФЛ). За да се оствари "магичната" бројка Оскарите ќе треба пред телевизор да соберат уште 960 милиони луѓе од остатокот од светот. Според овие бројки излегува дека 13% од Американците го гледаат преносот, и дека ќе треба уште 14% од останата светска популација да се приклучи за да се стигне до милијарда.
За споредба отворањето на Олимпијадата во Пекинг имаше телевизиска публика од над 1 милијарда луѓе, пред се благодарејќи на тоа што половина од 1,3 милијарди Кинези го следеа преносот.
Според Њујоркер идејата дека Оскарите имаат една милијарда гледачи, доаѓа од една сторија на Асошиејтед Прес од 1985-та. Оваа вест и бројките, следната година се цитирани на самата церемонија на Оскарите од тогашниот претседател на Академијата. Од тогаш веќе три децении овој податок се цитира во сите вести и говори за Оскарите.
Во изминатите неколку години повеќемина ја критикуваат оваа бројка. Од Нилсен објавија дека немаат ваков историски податок, а и самата Академија сега проценува дека глобалната публика на церемонијата е "неколку стотици милиони луѓе."