Џон Хамонд Јуниор е блуз ветеран кој годинава слави пола век блузирање. Го слави со нов албум кој го отвора песната "No One Can Forgive Me But My Baby".
Снимавме во студио во Сан Франциско 1992-ра година. Со Џон Ли Хукер почнавме да снимаме еден дует кога од никаде се појави Том Вејтс и ми кажа: "Човек, имам песна за тебе". Песната му траеше 20 минути и во неа сите ликови од Библијата се симнаа до реката. Му реков: "Види, ова е добра песна ама јас тоа не би можел никако..." - Не ти се допаѓа? - праша Том и отиде во контролната соба. Се врати по 10 минути со гланц нова песна", се сеќава Хамонд.
Еве ја песната.