Ова се Оскарите 2014.

И по доделувањето на 86-те Оскари на Американската филмска академија, сè е по старо: Леонардо Ди Каприо повторно остана без Оскар (браво за Мекконахи!) а интервјуата на црвениот тепих остануваат убедливо најдосадната работа која доаѓа од Холивуд.

12 години роб го освои Оскарот за Најдобар филм. Метју МекКонахи го доби Оскарот за Најдобар актер за улогата на Рон Вудроф. Кејт Бланшет е Најдобра актерка за улогата во Синиот Јасмин. Алфонсо Куарон го доби Оскарот за Најдобар режисер. Најдобро оригинално сценарио има Спајк Џоунс за Неа, а Оскарот за Најдобро адаптирано сценарио го доби филмот 12 години роб и сценаристот Џон Ридли.

Првата категорија на вечерта е Најдобра машка споредна улога а наградата ја доби Џаред Лето за улогата на ХИВ позитивен наркоман трансвестит во Далас Бајерс Клуб. Како и да ви звучи ова на Џона Хил му беше втората номинација за Оскар.

За Оскар за костимографија се натпреваруваа Големиот Гетсби, Американски Изманици и 12 години Ропство, а победи Катрин Мартин за костимографијата на Големиот Гетсби. Победник во категоријата Најдобра шминка и фризура го добија Робин Метјуз и Адрита Ли, за работата на Далас Бајерс Клуб.

Ова стана нај-ретвитуваната фотографија во историјата на Твитер:

Оскар за Најдобар краток анимиран филм доби Господин Хублот, а Оскарот за Најдобар долгометражен анимиран филм го освои Снежното кралство.

Наградата за Најдобри визуелни ефекти е и првиот Оскар што го освои Гравитација.

За Најдобар краток игран филм е прогласен Хелиум на Ким Магнусон и Андерс Волтерс. Во "кратките" категории следна е Оскарот за Најдобар краток документарен филм кој го доби Дамата во број 6, документарец за 109 годишна жена која го преживува холокаустот и која починала на една недела пред Оскарите. Најдобар долгометражен документарен филм е 20 стапки од славата, документарец за пратечките вокали во американската музичка индустрија.

Оскар за Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје го добива италијанскиот Големата убавина. Гравитација го доби Оскарот за Најдобар звук и Оскарот за Монтажа на звук.

За Најдобра женска споредна улога е прогласена Петси од 12 години роб во изведба на Лупита Нјонго.

Оскарот за кинематографија го доби Емануел Лубезки за филмот Гравитација, исто како и Оскарот за монтажа кој го добија Алфонсо Куарон и Марк Сангер. Оскарот за продукциски дизајн го добива Катрин Мартин (втор вечерва за неа) за Големиот Гатсби.

На тема музика, на овие Оскари Најдобра оригинална филмска музика има Гравитација и композиторот Стивен Прајс, а Најдобра филмска оригинална песна е Let it Go на Кристeн Андерсон Лопез и Роберт Лопез од Снежното кралство.

Кај сценаријата, Најдобро адаптирано сценарио е 12 години роб и сценаристот Џон Ридли, а добитник на Оскарот за Најдобро оригинално сценарио е Спајк Џоунс за Неа.

Оскарите во четирите главни награди ги добија:

Алфонсо Куарон за Гравитација го доби Оскарот за Најдобар режисер.
- Кејт Бланшет е Најдобрата актерка на овие Оскари за улогата во Синиот Јасмин.
- Метју МекКонахи е Најдобар актер, за улогата на Рон Вудроф во Далас Бајерс клуб.
- 12 години роб е го доби Оскарот за Најдобар филм на годината.

-----------------------------------------------------------------------------

Додека го чекавме доделувањето го правевме ова:

Годинава рекордери се Американски измамници и Гравитација со по 10 номинации. 12 години роб има 9 номинации, Капетан Филипс, Далас Бајерс Клуб и Небраска се со 6. Неа и Волкот на Вол Стрит добија по 5 номинации

Поединци со најголем број номинации се Алфонсо Куарон и Спајк Џоунс. Куарон е номиниран за Оскар за Најдобар филм, Режисер и Најдобра монтажа;  Спајк Џоунс е во конкуренција за Оскар за Најдобар филм, Оригинално сценарио и Оригинална песна. Инаку, Стив МекКвин може да стане првиот црнец што освоил Оскар за режија.

Луѓето што ги имаат пликоата со добитниците

Сцената за Оскарите:

 

И ова се случи:

Додека да почнат доделувањата, ова се номинациите:

3 март 2014 - 00:23