Од Универзитетот на Квинсленд прават 3 експерименти, во кој испитаници треба да гледаат видеа од луѓе кои добиле некаква награда: Оскари, победиле на тенис или на некој телевизиски квиз.
Во првиот експеримент, победниците кои успеале да ги воздржат своите емоции добиле најпозитивни оценки, во најголем дел затоа што публиката сметала дека тие успеале да ја стишат својата гордост.
Во вториот експеримент учествуваат интернет корисници, кои ги гледале видеата од победниците без звук. Оние кои немале некои посебни експресии биле перципирани како да ги потиснуваат своите радосни емоции.
Во последниот експеримент, се оценувало колку победниците сакале да ги заштитат емоциите на тие што изгубиле. Победниците што успеале да ја потиснат својата гордост оставиле и попозитивен впечаток и поголема привлечност како потенцијален пријател.
Од друга страна, победниците кои покажале гордост тоа го направиле затоа што тоа е вродена реакција на успехот. (Дури и слепите Параолимпијци кои никогаш не виделе како некој слави, кога добиле медал на пиедесталот прославиле со кренати раце и глава.)
"Потиснувањето на позитивните емоции бараа одреден напор од победник и може да биде ментално исцрпувачки. Во одредени случаи некои победници не ни сфаќаат дека изразувањето на позитивни емоции може да остави лош впечаток," објаснува Елис Калокеринос од Универзитетот на Квинсленд.