Голема новост од УЕФА со ново правило во Лига на шампиони

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) на неколку дена пред стартот на новата сезона во Лига на шампиони, Лига Европа и Конференциска лига, објави дека воведува ново правило кое ќе им олесни на екипите.

Epa images
Epa images
Photo: Epa Images

Клубовите веќе ги потврдуваат екипите од 25 регистрирани фудбалери кои ќе можат да играат во Лига на шампиони

На конгресот во Тирана во четвртокот УЕФА донела ново правило според кое сите клубови сезонава ќе можат да направат една измена во регистрација на фудбалерите во текот на сезоната при групната фаза.

Ова значи дека ако некој фудбалер се повреди на подолго време, клубот ќе има право да го замени со друг кој не бил регистриран претходно.

„Извршниот комитет потврди амандман за прописите во машките клупски турнири во 2025/2026 кои дозволуваат привремена замена на најмногу еден играч кој би заменил веќе регистриран играч со долготрајна повреда или болест за време на лигашката фаза вклучувајќи го и 6. коло.

Причината за ова прилагодување е да се осигура дека списоците на играчи нема да бидат неправедно намалени и играчите да бидат заштитени од дополнителен притисок од работа“, стои во објавата на УЕФА.

Покрај таа одлука, УЕФА донела и промена во однос на терминот за финалето на Лига на шампиони кое веќе нема да се игра од 21 часот. Првото финале кое ќе се одигра со почеток од 18 часот ќе биде овосезонското, на стадионот „Пушкаш“ во Будимпешта, Унгарија. 

12 септември 2025 - 12:26