Во однос на сеприсутното сивило во екс Југославија во средината на 70-тите години на минатиот век, шведската четворка изгледаше како реклама за детергент.
Многу бело, многу шарено, многу сè.
Денес аутфитот на Аба личи или како да се работи за автентични слепци или како да изгубиле опклада.
"Искрено, мислам дека изгледавме како лудаци. Никој не беше толку лошо облечен на сцена како ние", признава денес Бојрн Улваеус, еден од двајцата мажи во оваа некогаш ултра популарна група која годинава слави 40 години од евровизиската победа со песната Ватерлу.
Но, лошиот поп гламур на Аба не се должи само на кичерајските трендови во 70-тите и 80-тите туку на разумна одлука да се плати што помалку данок.
Во пригодната книга по повод јубилејот, се наведува дека менаџерите на Аба смислено го користеле шведскиот закон според кој за одреден вид облека може да биде ослободена од данок ако е толку лоша, шокантна и ужасна да во никој случај не може да биде користена за секојдневна употреба.
Подоцна некои од членовите на групата беа и вистински обвинети за затајување на данок но беа ослободени од обвиненијата.
Легендата велеше дека двојната брачна двојка своевремено правеше повеќе пари од шведскиот автомобилски гигант Волво.