Околу 90% од жените се сомневаат во сопствената убавина, и најголемиот дел имаат слика за себе како "грдо пајче." Ова правило важи без разлика на возраста, образованието на жената и како околината ја перципира неа.
Што се однесува до убавината излегува дека мажите се тие што имаат многу поголем проблем, бидејќи мнозинството не се гледа себеси со жена која е супериорен во однос на убавината. Мажите сакаат да бидат на исто рамниште (горе долу) и затоа убавите жени често пати не се ни земаат во предвид.
"Она што би предложил да го прават убавите жени кога бараат партнер е да бидат многу активни во нивната потрага, посебно на интернет. Второ, колку е поактивна, толку повеќе треба да го прошири својот радиус на барање. Не е доволно да бараш само во местото каде што живееш. Една убава германска ТВ водителка ја прошири својата потрага и на Париз, излезе дека ова е успешна идеја," објаснува германскиот советник за парови и самци Кристијан Тиел.
Според него барањето партнер не е натпревар во убавина, туку има редица елементи кои помагаат и одлучуваат во привлечноста.
"Некои што добро изгледаат се досадни и безбојни кога ќе ги запознаеш. Други пак се отелотворение на уживање во животот. Кога е во прашање врска меѓу двајца луѓе, се работи за сосема поинаква аура која одлучува.
Изрази на лицето, гестикулации, гласот, држење, што велат луѓето и како го велат, сето тоа е дел оваа слика. Атрактивноста на човекот е одредена од сите овие елементи, од кои убавината е само еден од многуте критериуми.
Аурата што некој ја има е директно поврзана со она колку се тие задоволни од животот. Па многу поважно од совршена фустан или фризура, е на пример, колку жената е навистина задоволна од својот живот. Дали таа ужива во својата работа. Дали таа има добри пријатели. Дали таа проектира доверба и фундаментално задоволство.
Задоволството од сопствениот живот, внатрешниот мир, спокојот - ова се работите кои навистина се важни кога бараш партнер," пишува Тиел.