Живот и забава

Психологијата зад принцезите со големи очи

Ако Ариел (Малата сирена) имаше очи со нормална големина публиката немаше ни приближно да биде одушевена од неа, и наместо тоа многу повеќе внимание ќе посветеше на нејзината опашка.

Трејлер на годината 2013-та

Наградата е вистинска (не измислена), се вика Grand Key Art Award, ја доделува магазинот Холивуд Репортер, за најдобар трејлер за филмската индустрија, телевизијата и видео игрите.

Еурека! Откриен нов дел во нашето тело

А ние наивни, мислевме дека до ноември 2013, официјалната медицина ја познава барем основната човечка анатомија. Следниот пат одиме на бајачка.

Оџата што рока

Има 42 години и службено работи како оџа во едно турско село, каде што им служи на околу 15 муслимански семејства. Она по што е многу попознат е неговата работа надвор од џамијата, како фронтмен на рокенрол бенд.

За родителите на кои децата им се сè во животот

"Родителот е среќен онолку колку што е среќно неговото најнесреќно дете".

Киднапираните невести на Киргистан

Официјалното име е "ала качуу" или грабај и бегај, а се проценува дека околу 40% од етничките Киргистанки се киднапирани од нивните сегашни сопрузи.

И на Њујорк Тајмс не му излегува математиката

Со бројки кои од тука изгледаат како баснословна приказна, Њујорк Тајмс го затвори својот најлош квартал од 1998-ма, продавајќи реклами во вредност од 140 милиони долари за 3 месеци.

Зошто првородените деца се подобри на училиште?

Во основа постојат два типа на родители, оние што не простуваат неуспех на училиште и оние што простуваат. Првородените го јадат стапот и од двата типа.

Не плаќајте скапа пијачка, ако не е виски

Теоријата е дека најголемата измама на индустријата за алкохол е дека колку е поскап, толку е подобар пијалакот.

Земји во кои не е добро да си вештерка

Повеќето западни држави престанаа да ги гонат вештерките до крајот на 18. век. Но, еве пет места каде глобалниот лов се уште трае.

How I Met Your Father

По девет години ова е последната сезона на How I Met Your Mother, ама на СиБиЕс не им се прекинува тука.

Марина Абрамовиќ да се пензионира

Оние кои стојат зад ваквата акција не ја потценуваат пионерската улога на Марина Абрамовиќ во светот на уметничкиот перформанс. Само мислат дека е крајно време малку да (нè) олабави.

Не верувајте на големи попусти

Ако видите дуќан со понуда од 70 или повеќе проценти попуст, баталете го тој дуќан, порачува експерт кој ја проучувал културата на ценкање и пoпусти во Америка.

20 стапки од славата

Најчесто се девојки, најчесто имаат одличен глас и најчесто никој (надвор од екипата) нема поим кои се тие. Сега еден документарец ги седнува Џегер, Спрингстин и компанија, да зборуваат за луѓето што им чуваат грб.

Секс во време на криза

Ако си Италијанец(ка) и си под 40 години, има 50% шанси дека уште живееш со твоите, а ти се сака.

Кочани оркестар во живо

Жив албум на Кочани оркестар од три нивни свирки во Италија кога на сцена им се придружуваат двајца врвни италијански џез музичари.

Дали сланината навистина прави сè да биде подобро

Магазинот Вајард и ФудНетворк анализираа над 900.000 оценки на рецепти од сајтот на ТВ каналот за готвење. Нивната мисија е да откријат што мисли народот за сланината.

Кругот е малечок, а во него се и новинарите и Фејсбук

Иако Твитер е многу логично место за следење вести, сепак "обичниот" не-новинарски народ многу повеќе на не сакајќи ги начекува своите вести сервирани на Фејсбук.

Европа до уши заљубена во велосипеди

На страна традиционалните светилишта на велосипедизмот, како Холандија и Данска, во речиси секоја членка на ЕУ веќе се продаваат повеќе нови велосипеди отколку автомобили.

Најмоќната зграда во Њујорк

Името го добива заради луѓето кои до сега живеле во неа, меѓу кои се Џон Рокфелер, градежникот Вилијам Зекендорф (сопственик на Астор хотелот и Крајслер зградата), Вера Ванг, и заради условите кои треба да се исполнат за таму да ти биде адресат.

Доктор НИКАКО

Одлично упатство за читатели и нивното здравје. Дузина доктори, специјалисти од различни области и нивните одговори на исто прашање: "Ако треба да одберете само една работа која не би ја правеле, која би била таа?

Што шмркаат глумците?

Не е во прашање приватно, туку се однесува на тоа со што се дрогираат службено, на сцена, за време на снимање филм или серија.

Женскиот манекен

Затоа што во индустријата рокот на траење е околу 30 години, на 31-на година манекенката Елиот Сејлорс решава да се ребрендира, во машки манекен.

Џихад се од корен корнеше

По предлог кој што може да дојде само од луѓе што не се во брак, Нигеријците решија дека ќе го намалуваат бројот на бомбаши самоубијци со тоа што ќе прават повеќе свадби.