Американски филмови што ги извадија парите во странство

Холивудските студија се крстеа во американската кино-благајна околу тоа колку пари ќе заработи нивниот филм. Меѓутоа со тек на време почнаа да ги забележуваат и парите од странство. Во 2013-та странските кино-благајни спасија дузина филмови кои комплетно пропаднаа во САД.

Овие филмови направија над 70% од своите приходи во кината надвор од САД:

- Runner, Runner првиот викенд во САД направи 7,7 милиони долари. До крајот на годината има 19,3 милиони во земјата, а 43,4 милиони долари низ остатокот од светот (69,2%).

- Rush заработи вкупно 100 милиони долари. 26,9 милиони во САД, 63,3 милиони низ светот. (70,1%)

- Turbo со буџет од 135 милиони долари, во САД направи 83 милиони долари, а надвор 199,5 милиони долари. (70,6%)

- After Earth со 60,5 милиони долари во САД едвај успеа да извади половина од својот буџет. Затоа во остатокот од светот направи 183,3 милиони долари. (75,2%)

- Pacific Rim чинеше 190 милиони долари. Во САД направи разочарувачки 101,8 милиони долари. Затоа на кино-благајните низ светот собра 309,2 милиони долари. (75,2%)

- Hansel & Gretel: Witch Hunters со 55-те милиони што ги заработи во САД успеа да го покрие буџетот за снимање на филмот. Потоа, од остатокот на светот дојдоа уште 170 милиони долари. (75,3%)

- A Good Day to Die Hard во САД не направи ниту 70 милиони долари, ама затоа низ светот собра 237 милиони долари. (77,9%)

- The Smurfs 2 во САД мина полошо и од Турбо заработувајќи 71 милион долари. Затоа пак во остатокот од светот собра 276 милиони долари. (79,6%)

7 февруари 2014 - 11:45