Како му изгледа на Фејсбук кога ќе се заљубиш

Тие што дремат на Фејсбук и рефрешираат ко од тоа да им зависи животот веќе имаат забележано, ама сега Фејсбук и официјализираше - ви се познава од постовите дека се сукате на некого.

Луѓето за бројки на Фејсбук имаат равенка која им покажува дека вие градите врска уште пред врската да започне.

Во основа кога сте уште во фаза на пуштање се зголемува бројот на постови во кој и двајцата сте вклучени (те на ѕидот на едниот, те на ѕидот на другиот). Откако ќе ја официјализирате врската, бројот на постови што ги оставате кај другиот се намалуваат - најверојатно бидејќи сега минувате многу повеќе време заедно.

"За време на 100-те денови пред да почне врската забележуваме спор но стабилен раст на бројот на постови што идниот пар меѓусебно ги оставаат. Кога ќе почне врската (ден 0) постовите почнуваат да се намалуваат. Пикот е околу 1,67 постови во 12-от ден пред да почне врската, а најнизок е на 85-от ден од врската кога изнесува околу 1,53 постови. Веројатно парот решава да потроши повеќе време заедно, па онлајн интеракциите се заменети за интеракции во физичкиот свет," стои на блогот на Фејсбук.

Тие забележале и драматичен раст на позитивните емоции кои се објавуваат во периодот од нултиот ден до првиот ден на врската.

17 февруари 2014 - 10:27