Подобрувањето на своите животи најчесто се замислува како резултат на некоја битна и голема промена. Се чека нова работа, нова љубов, свадба, менување на местото на живеење или сличен настан од таков калибар кој треба од корен да го смени квалитетот на живеењето.
Постои и друг пат кој се вика "кумулирање на маргинални придобивки."
Тоа го има пробано тренер на британските професионални велосипедисти, екипа која никогаш не би била ни блиску до освојување на Тур Д Франс.
Неговата стратегија била ваква: ако успеат да подобрат за само еден процент многу детали од нивниот живот и тренинг, тие ситни и навидум безначајни придобивки на крај ќе кумулираат во видлив напредок.
Почнале со очекуваните работи: подобрување на исхраната, тренингот, ергономијата на седиштата, тежината на тркалата. Ама не сопрале тука, барале подобрување од 1 процент во сите детали кои се занемаруваат, подобра перница за спиење, подобар гел за масажа...
Тренерот им најавил дека ако ја спроведат стратегијата, за 5 години би можеле да го освојат престижниот пехар. Го освоиле за три.
Се разбира, пристапот на кумулативен ефект на ситниците важи и во обратна насока. Хамбургер и кока-кола е мало задоволство кое во моментот ништо лошо не значи, но, како што сите знаат, многу такви одлуки на подолг рок и тоа како се гледаат на вагата.