Дали се претера со војната против пушењето

Од борба против пушење, сега целата работа се претвори во стигматизирање и изолирање на пушачите по сите можни основи. И сите се против нив.

Во изминатите неколку месеци во САД беа превземени пар сериозни чекори против пушењето (еден од најголемите ланци на продавници одлучи да не продава никакви цигари, а во Њујорк градоначалникот Блумберг забрани продажба на цигари на лица под 21 година), и како за ретко што никој не крена глас против овие одлуки, ниту пак имаше некаква дебата.

Иако ова покажува дека луѓето се свесни околу опасноста од пушењето, тоа исто така е знак и за стигмата околу цигарите и луѓето кои ги купуваат.

"Мерките против пушење завршија голема работа во намалувањето на бројот на пушачи (од 56% од Американците во 1965-та, на денешните 18%), ама во исто време ги жигосаа пушачите, присилувајќи ги да се собираат надвор пред јавните згради, барови или ресторани," пишува Алис Роб за Њу Рипаблик, објаснувајќи дека ова ќе ги натера пушачите заради јавниот срам да ги кријат своите навики од докторите, што би било сериозен проблем за сите. (Токму стравот од стигматизација беше една од причините за брзото ширење на ХИВ вирусот).

Во 2006-та, социологот Хана Фаримонд и психологот Хелена Џоф прашале 40 возрасни Британци што тие мислат околу пушачите. Термините што непушачите ги искористиле за опишување на статусот на пушачите во општеството се:

- отпадници
- прогонети
- лепрозни
- пониска класа
- забранети

За непушачите во ова истражување пушачите биле поврзани со две негативни претстави: лоша миризба и негативна појава. За неколкумина на пушачите им недостасувала хигиена и грижа за самите себе.

 

11 февруари 2014 - 16:21