Живот и забава

Зини да ти кажам

Конечно постои сигурен начин да се докаже нечија македонштина: брис од грло. Само уште тоа ни фалеше.

Зошто луѓето во врска имаат секс?

Не се работи за тазе фатени парови што се напалени ко печка на Железара, туку за луѓе кои имаат стаж еден со друг и се знаат подолго отколку една сезона на ТВ серија. Излезе дека овие вториве имаат две причини за секс.

Како блокбастерите ја освоија индустријата

Објаснувањето како ТВ сериите станаа толку богати и софистицирани, како дузина музичари можат да си дозволат спектакуларни концерти и продукција, како толку многу филмови добија толку многу скапи продолженија, се сведува на тоа дека на крај е многу поевтино да вложиш многу пари.

Твојте другари по сокаци одат

Здравјето, среќата и општата благогостојба на еден маж директно зависи од можноста да го прави она што најчесто се дефинира како "бев со другарите, се заебававме." Чисто научно, пропишаната доза е два пати неделно. 

Човек, како тоа стоматолошки звучи

Ниту заради огинот ниту заради тркалото. Човекот добил предност во животинското царство благодарејќи на четкичката за заби.

Диета: Октоберфест

Надвор од вообичаените принципи за смислување режим на исхрана кој ќе ја намали тежината, човек од Минесота сосема елегантно си ја поправа линијата така што секој октомври е исклучиво на пиво и кобасици.

Апликација за фаќање спонзоруши

Една од безбројте апликации за наоѓање партнерка но со отворен сексистички пристап: за да излезе со вас, девојката можете да ја одоброволите со подарок.

Учете ги децата да летаат со паметот

Денешните деца се преморени - главно затоа што не ги добиваат за нив потребните девет часа спиење. Наместо да се инсистира на тоа децата да спијат, можеби треба да се промовира и нешто од што можат да научат и возрасните - релаксацијата позната како „сонување на јаве".

Брат за брат, сирење за круши

Паралелно со стандардното пазарење по тезги и браусање по супермаркети, во Англија се почест начин на набавка на квалитетна и домашна храна е трампање со други луѓе.

Зошто ја напуштив архитектурата

"Драги архитекти, вас ве прегази времето. Знам бидејќи и јас бев една од нив," пишува на својот блог архитектката Кристин Оутрам разочарана од фактот дека нејзините колеги комплетно го изгубиле контактот со луѓето.

Попрво мастило отколку пиксели

Ментал флос успеа во она во што голем број други медиуми не успеваа со години - да направи интервју со Бил Вотерсон, авторот на славниот стрип „Калвин и Хобс". За интервјуа, Вотерсон е она што е Џони Штулиќ за балканските новинари.

Откатанчување мостови

Паралелно со феноменот на "катанци на љубовта," односно ставање катанци на недолжни парчиња од урбаната инфраструктура, во Њујорк се развива една нова супкултура - отклучувачи на катанци на љубовта.

Конечно, јогурти за мажи

Од Запад добри вести за сите мажјаци кои со наведната глава мораа да купуваат разно-разни активии и да бираат која розевка боја од понудените јогурти ќе ја стават во корпа.

Ќе го скинете Еминем?

Еминем повторно е трезен и - брз. Има нов сингл, "Rap God", 6 минути речиси постојано и горе-долу разбирливо рапување, ама, има и едно делче на кое ќе се напнете.

Хералд Трибјун го смени името

Угледниот медиумски бренд International Herald Tribune станува International New York Times. Оваа промена на името не му е прва во неговото 126 годишно постоење.

Како крокодил ги скапува зависниците

Крокодил е една од најужасните дроги што некогаш постоеле на земјава, чија главна нуспојава е што нејзините корисници буквално физички гнијат и се распаѓаат. По 10 години во Русија, Крокодил неодамна се појави во САД.

Зошто јазикот на Мајли е толку бел?

За жал, живееме во време кога нашето слетување на Месечината, нaшeто "I have a dream" е - јазикот на Мајли Сајрус. Толку медиумски покриен што остана само со него да се позанимаваат експерти за орална хигиена.

Менталното здравје на САД

Според милионските бројки и рапидниот раст на проблемот, во САД би можело да се прогласи епидемија на ментални болести.

Погрешно сфатени цитати

Извадени од контекст, некои од познатите изреки на славните писатели понекогаш се толкуваат сосема спротивно од оригиналното значење. Или - онака како што ни одговара.

Кога Безос е без осет

Првиот човек на Амазон и Вашингтон Пост е еден од најуникатните претприемачи на денешницата. Книга за него во која само тој не е интервјуиран, открива интересни детали за неговиот стил на менаџирање.

Циганскиот сос стана балкански

Во германската кујна повеќе од еден век постои нешто што се нарекува "цигански сос". Е, неќе моќи. По негодувањата од ромската популација дека ваквиот назив е навредлив, сосот сега се вика балкански. Во име на Балканот нема кој да се лути.

Џинџер Бејкер, терсене

Вакво интервју може да ти приушти само накурчен старка каков што е Џинџер Бејкер, легендарниот бубњар на Cream. Со импозантна километража зад себе, со ич нерви за фолирање. Заебан и терсене, уздуж и попреку.

Камбербач одговара

Откако Асанж во отворено писмо го критикува Камбербач нарекувајќи го "платеник" за тоа што прифатил да го глуми во филм базиран на книга кој е напишана против него, британскиот актер реши да ја каже својата страна на приказната.