На кој Конгресмен ќе се намерачи Бил Мар?

Влијателниот американски либерал, стендап комичар и водител на емисијата Real Time која оди На HBO, си даде задача за оваа година - да избрка некого од Конгресот.

За Њујорк Тајмс тој изјави дека планира да побара од своите гледачи да номинираат кандидати за титулата најлош Конгресмен па откако ќе се знае победникот, ќе започне кампања против него, односно ќе ја користи секоја прилика во своето шоу да му се сере на глава.

"Постојат еден куп ужасни Конгресмени, ние ќе го одбереме најлошиот и ќе го држиме вниманието на него, колку да видиме дали можеме така да го елиминираме од повторна кандидатура за тоа место."

Со оглед на политичките преференци на познатиот водител, неговиот продуцент верува дека жртвата ќе биде од редовите на Републиканците.

Во 2012-та Бил Мар донираше еден милион долари во поддршка на реизборот на Барак Обама.

 

1 февруари 2014 - 13:37