Живот и забава

Lock, Stock and 2 Rabbis

Кај ортодоксните Евреи (конкретниов случај е во САД) правилото е дека ако жената сака да се разведе од сопругот, таа мора за тоа да добие дозвола од мажот што го разведува, нешто на што мажите не се одма подготвени да се согласат. Деновиве двајца рабини од Бруклин беа уапсени заради "забрзување" на процесот.

Закерберг го купил комшилукот

Зависниците од Фејсбук можат да бидат горди на себе затоа што сториле голема добрина за еден човек. Се вика Марк Закербег кој штотуку потрошил 30 милиони долари да купи четири куќи околу својот дом за да има поголема приватност.

Ова е просечното машко тело

Нејќеме да расипеме ничии соништа но јавето изгледа вака. Првиот е Американец, вториот Јапонец, третиот Холанѓанин а последниот Французин. Идеални само по тоа што се совршено просечни.

Митот за скапите пенкала на НАСА

Приказната за пенкало на НАСА за пишување во вселената и далеку поедноставното решение на Русите се појавува секогаш кога некоја огромна корпорација ќе презентира некој комплексен, пренадуен и претерано скап производ или процес. Излезе дека НАСА не биле до толку дрва.

Норвешка, земјо моја

ТВ понудата во една земја истовремено е и креатор и одраз на колективниот темперамент и масовниот (не)вкус. Балканот сака интриги и семејни драми па е окован во турски и индиски серии. А пазете ја Норвешка: планираат маратонски риалити програм во кој вредни жени Норвежанки - ќе плетат. Зен. 

Кој последен се смее, си го разбира бизнисот

Ако кога почнаа да се појавуваат машките ташни (man purse) нивните сопственици ги пријавуваа како "абе поклон е од брат ми," денес истите овие додатоци се бизнис вреден 9 милијарди долари години, а брат на брат не подарува секоја година една иста чанта.

Асанж му пиша на филмскиот Асанж

Џулијан Асанж му пишал писмо на британскиот актер кој го игра во филмот The Fifth Estate. Зошто не требало да ја прифати улогата и зошто нејќе да се види со него.

Разговори со Pearl Jam

Секому во шоу бизнисот му е потребен публицитет кога промовира нешто ново. Секс скандал, кавга, тепачка, вадење јазик и лижење чекан... Прл Џем се поинакви.

Прага се упристојува

Во обид малку од малку да ги расчистат улиците од пијани туристи кои ноќе шпартаат како Зомбија, властите на европскиот Лас Вегас го забранија пиењето на огромен број места во центарот на градот.

Вибратори за вас прекрасни административци

Инспирирани од пораката на Черчил "Никогаш не дозволувај добра криза да остане неискористена," сајт за продажба на вибратори ќе им подари бесплатни "играчки" на американските административци кои се на пауза заради затворањето на Владата.

Не го лажете мозокот

Мозокот сака допамин. Допаминот сака шеќер. А мозокот не е толку глуп да не препознае дека пробуваме да го лажеме со вештачки засладувачи. Неговата одмазда за тоа е што завршуваме дебели.

Десетка со Тарантино

Иако филмската година сè уште не е готова, Квентин Тарантино состави листа од 10 најдобри филмови кои досега ги гледал. Ставајте по торенти и следниот викенд организирајте си филмска проекција по негов избор.

Што би ѝ пишал Спрингстин на Мајли?

Веројатно би му било битно да ѝ објасни во што е разликата да си во центарот на внимание затоа што: а) те сметаат за иднината на рокенролот и б) затоа што го триеш задникот и лижеш чекан.

Шинејд и Мајли ја направија голема

Започна со "мајчинските" совети на Шинејд до помладата колешка од естрадата. Па Мајли одговори безобразно па Шинејд се шокираше и сега најверојатно ќе се влечкаат по судови.

Писмото на Шинејд до Мајли

Откако во интервју за Ролинг Стоун Мајли Сајрус ја наведува како влијание во својата кариера, Шинејд О'Конор решава да ѝ напише отворено писмо на пејачката, во кое најискрено ја предупредува да не дозволи да биде искористена. Ова е писмото во целост:

Швајцарија ја декриминализираше марихуаната

Ова значи дека поседувањето марихуана и понатаму останува забрането, само што во иднина тоа е на ниво на обичен сообраќаен прекршок, наместо да се третира како криминал.

Девојката која јаде 9.000 калории на ден

4 дупли чизбургери со сланина од Мекдоналдс (да, едни сендвичи што ги има во странство), плус калорични шејкови, чоколада и сладоледи. Сè за спортот.

 

Невестата и нејзиното дигитално презиме

Прво доаѓа љубов, па веридба, па венчавка па... првиот следен чекор е нова гмеил адреса?

Психијатар за пари

Се е во ред со вас, ама најчесто (по навика) носите лоши финансиски одлуки, проблем кој е посебно лошо да се има во време на финансиска криза. Има доктор и за тоа.

Зошто мажите плаќаат за секс

Додека Франција подготвува закон за забрана на проституцијата кој предвидува казнување на клиентите, Ле Монд реши да распраша некои од клиентите.

Пиши ми во "оној" фонт

Графички дизајнер создал фонт за кој тврди дека не може да биде прочитан од владините и корпоративни шпиунски софтвери. Дечкото не е шарлатан, има работено за самата НСА.

Колку чини Вог без ниту една реклама

Септемвриското издание на Вог се смета за модна библија и е легендарно по бројот на реклами, за септември 2013-та 370 страни од магазинот ќе бидат одвоени за маркетинг. Ама годинава за прв пат ќе има и верзија без реклами. Ама ќе ве чини.

Последниот оброк на Ентони Бордејн

Што, каде и со кого би јадел фамозниот њујоршки готвач кога би знаел дека тоа е неговиот последен оброк?

А карта е обележана курва

Еден од живите митови на светскиот покер, човекот кој за три години од 50 долари направи 40 милиони, е фатен во казино како ги бележи картите.