Жената која ги смени тркалата на Њујорк

Благодарејќи на една жена на која доскорешниот градоначалник на Њујорк ѝ го довери градскиот транспорт, постојат видео снимки за драматично менување на изгледот на некои клучни њујоршки места. На подобро.

Жанет Садик-Кан е жената која за време на управувањето на Блумберг беше одговорна за градскиот транспорт. Нејзината визија и решителност придонесе Times Square, Herald Square, Brooklyn waterfront, Queensboro Bridge, и дузина други места порано познати по ужасната закрченост со коли денес да се места пријатни за да стапне човечка нога или велосипед. Нејзината програма за споделување велосипеди за 7 месеци привлече речиси 100.000 годишни членови. 

Садик- Кан ја наследува друга жена, Поли Тротенберг, која е прва сообраќајка во екипата на новиот градоначалник Бил де Бласио. Таа има амбициозен план до 2024-та година да ги сведе жртвите на сообраќајни несреќи во Њујорк на нула.

3 јануари 2014 - 13:57