Асошиејтед прес објавува дека муштериите мора да чекаат меѓу 3 и 5 часа за да дојдат на ред да купат марихуана. Гужвата е и покрај тоа што едно пакетче (околу 3,5 грама) марихуана, се продава меѓу 50 и 70 долари. Уличната цена му е околу 25 долари.
Двете продавници за марихуана во Пуебло само на 1-ви јануари продале роба во износ од 87.000 долари, а според сопственикот побарувачката не е воопшто намалена.
АП ги пренесува изјавите на повеќе сопственици на овие продавници. Некои се жалат дека имаат залиха од марихуана едвај за уште неколку денови, а други изјавиле дека морале порано да го затворат дуќанот затоа што веќе им снемало.
Речиси еден месец пред почнувањето на продажбата, главниот сомнеж беше дека продавниците ќе успеат да ја покријат побарувачката на марихуана. Причина - тоа што дозволија отворање на само 37 продавници во цело Колорадо.
Во исто време уличните дилери само чекаат на народот да му здосади да плаќа поскапа марихуана и повторно да се вратат кај нив: "Кај мене можеш да купиш унца (28 грама) за 225 до 300 долари, државата на тоа само додава околу 90 долари данок."