Вежбањето спречува и лечи речиси сè

Што ако има лек што е бесплатен, достапен им е на сите, и речиси без утка помага на кој било пациент.

Вежбањето е корисно за секој систем на телото: ефективен е како третман и спречување на болести, може да ја подобри меморијата, концентрацијата и лошото спиење, помага во сексуалните проблеми и го крева либидото, ја подобрува состојбата кај заболените од рак на дојка или дебело црево.

"Моментално САД троши над 2700 милијарди долари или 17% од БДП-то, на здравствениот систем кој е финансиски субвенциониран да ги третира болестите (а не да ги спречува). И покрај тоа што на здравствена заштита трошиме неспоредливо многу повеќе пари од која било земја, САД моментално се рангирани на 28-мо место по очекувано траење на животот. Нашиот систем многу малку работи на поттикнување на превентивно здравје," објаснува докторот по спортска медицина од Болницата за специјални операции во Њујорк, Џордан Мецл.

Докторот објаснува дека може да се заштедат милијарди долари од здравствената заштита мотивирајќи ги луѓето да бидат повеќе активни. Тој признава дека веројатно постојат случаи на претерана физичка активност, ама тоа не е ни приближно опасно како неактивноста. Мецл предлага воведување на здравствена заштита чија цена ќе зависи од тоа колку сте биле активни или внесување на физичката подготвеност како една од ставките на годишните здравствени прегледи.

"Не можам да ви ветам дека ако вежбате секој ден нема да се разболете. Исто така не кажувам дека вежбањето ги лечи сите болести. Генетиката, можностите, социјално-економските и останатите фактори, очигледно играат значителна улога во вашето здравје. Она што станува се повеќе очигледно, е дека лекот наречен вежбање може да спречи, олесни или излечи речиси секоја болест," порачува Мецл.

2 јануари 2014 - 13:52