Прво во 2011-та Кели Роланд беше судијка на британскиот Икс-Фактор, за што доби 750.000 долари за една сезона. Кога дојде ред да биде судија во американската верзија, хонорарот порасна на 1 милион долари.
За тоа што на американскиот Икс-Фактор седи во ист ред со Сајмон Ковел, мексиканската пејачка Паулина Рубио, добива хонорар од 1,5 милиони долари од сезона.
Деми Ловато во втората сезона на Икс-Фактор е платена 1 милион долари, а за третата сезона успева да договори плата од 2 милиони долари.
Кантри пејачот Блејк Шелтон, за учеството во Воис како еден од судиите наплаќа по 4 милиони долари од сезона. До сега пејачите на кои тој им е ментор 3 пати победуваат на Воис.
На друго шоу и друг кантри пејач, заработува по 5 милиони долари од сезона. Станува збор за Кит Урбан, кој и годинава ќе биде судија на Американскиот Идол.
За судењето на 3-та сезона на Воис, Си Ло Грин заработи 6 милиони долари. Тој направи пауза за 4-та сезона и сега се подготвува да се врати во 5-та сезона, најверојатно за повисок хонорар.
Во 2012-та семејството Кардашијан потпиша 3-годишен договор со Е Ентертејмент, во износ од 30 милиони долари. Инаку, овие пари не се делат еднакво меѓу сите членови на семејството.
Адам Левин за да суди на една сезона од Воис добива меѓу 10 и 12 милиони долари.
На Воис единствено подобро платенa од Левин, е Кристина Агилера чија плата е 12,5 милиони долари по сезона.
Единствен човек што се уште е константен на Американскиот Идол е водителот на шоуто, Рајан Сикрест. За последната сезона тој заработи 15 милиони долари.
Неочекуваното појавување на радио водителот Хауард Стерн како судија на Америка има талент, го чини организаторот 15 милиони долари годишно.
По неколку години пауза Џенифер Лопез се врати како судијка на 13-та сезона од Американскиот Идол. Цената за нејзиниот камбек е 17,5 милиони долари годишно.
Човекот кој го смисли Идолот, а потоа и Икс-Фактор има и најголем ќар. За една сезона на Икс-Фактор, Сајмон Ковел заработува 95 милиони долари. Огромната сума е и затоа што тој е и продуцент на шоуто.