22 милијардера што е 2 процента од нивниот светски тотал купиле апартмани во 60 ката високиот солитер во Малибу.
Малибу долго време е центар на луксузот и прескапиот снобизам а овој солитер кој нема да биде готов до 2016-та се смета за крем де ла крем.
Зградата ја прави компанијата Дезлер од јужна Флорида во соработка со германскиот Порше дизајн груп за што земале кредит од 214 милиони долари, рекорден износ за оваа намена откако почна рецесијата.
Но, веќе се продадени 80 проценти од 132-та апартмана и притоа инвеститорите укнижиле фини 624 милиони долари.
Висококатницата е полна со разно-разни чалами од типот на каскадни базени речиси на секој балкон, како и кино сали, спа центри и слично.
А бидејќи во игра е Порше, најлудиот детал од зградата е поврзан со автомобилите. Во зградата постојат три лифта за коли кои ги носат возилата до самите апартмани.