Галамата околу извештајот е што ова е прв пат федералната влада официјално да објави дека овие болести можат да бидат предизвикани од пушење.
Новите заклучоци доаѓаат на речиси 50-годишнината од првото предупредување на властите дека пушењето е поврзано со ракот на белите дробови. Денес има 13 видови рак кои непобитно се поврзани со пушење.
Извештајот тврди дека промените во дизајнот на кутиите цигари го зголемиле ризикот кај денешните пушачи да заболат од рак на бели дробови, во споредба со пушачите од 60-те.
Освен болестите од воведот, во извештајот се наведени и: вонматерична бременост, губење на видот, туберкулоза, артритис, ослабен имунитет и пресечени непца кај децата родени од мајки пушачи.
--------------------
* Коментар од уредникот: Полошо отколку што порано се мислеше? Па, порано се мислеше дека цигарите убиваат, што е полошо од тоа? Те убиваат и отпосле ти се серат на глава?