Под "активен консумент" се дефинира некој што прочитал барем 10 суштински новински статии и две колумни во период од 3 месеци (бројките покажале дека ако се тргне условот за колумни, просекот се крева за 14%). Луѓето кои биле анализирани за анкетата, во периодот од март до мај 2013-та направиле вкупно 2,3 милијарди импресии.
За тоа што конкретно е вест, истражувачите направиле колекција од сајтови со вести кои имале забележителен сообраќај (Њујорк Тајмс, Хафингтон пост и Фокс Њуз), блогови (Дејли Кос и Бреитбарт) и регионални весници (Сиетл Тајмс и Денвер Пост). Користејќи алгоритам, истражувачите ги издвоиле оние што ги сметале за вести од насловна страна, од останатите содржини на сајтовите како спорт, стил, време и забава. Она што останало била конкретна, класична новинска статија, на пример говорот на Обама за состојбата на нацијата, наспроти статија во која се зборува за најновите авантури на Џастин Бибер или Фара Абрам.
Она што треба да се има во предвид околу бројките е дека во студијата се користат само податоци од корисници на Интернет Експлорер кои според авторите имаат тенденција да бидат малку повозрасни. Уште еден амандман на анализата е само затоа што луѓето не сурфаат на некои од новинските сајтови не значи дека тие не ја добиле веста од друг извор, како весник, тв, радио или Твитер.
Сепак бројките што се анализираат се за почит, а резултатите што се добиени одговараат со нискиот ранг на кабелските вести од овој период.
"Новинарите и зависниците од вести често претпоставуваат дека сите цело време се грижат за политика. Меѓутоа бројката од 14% прави тоа повеќе да изгледа како хоби или супкултура, нешто како НХЛ или Наскар - огромна опсесија на за дел од популацијата ама сосема маргинален интерес на сите други, освен ако не се случи нешто екстремно," пишува Тим Ву за Њујоркер.