Таг: вести

„Живиот весник“: претстави направени според актуелни вести

1930-тите, Америка, Големата депресија. Слично како и за време на нашата пандемија, културните институции се затворале, а театарските работници останувале на улица. Владата настапила со првата државно спонзорирана уметничка програма, која вклучувала претстави базирани на секојдневните вести.

Сериозни првоаприлски вести за кои сите мислеле дека се априлилили

До пред нешто повеќе од една година вест за глобален смртоносен вирус би се сметала за лош виц. Но низ историјата на овој датум имало такви медиумски објави кои биле толку неверојатни што често биле толкувани како местенки. А всушност биле вистински.

Збогум на ерата на информации - сега е поважна репутацијата

Глорија Ориџи е италијански филозоф и авторка на нова книга под наслов „Репутација: што е таа и зошто е важна“. Во неа таа ја трасира промената од „информатичко доба“ во „доба на репутација“, во кое информацијата има вредност само ако претходно е филтрирана, проценета и коментирана од други.

Кога вестите ќе кикснат

Што сериозни, што од онакви ранобудни програми, што вклучувања во живо од терен, па до ТВ вести од типот дај да видиме што има на интернет и да коментираме. И ништо важно од сè ова, само киксовите наталожени од цела година.

ТВ водител и џентлмен

Сајмон Меккој е спикер на вести кој од 2004 е во Бибиси, а пред тоа уште 16 години работи на британските медиуми. По сите овие децении кариера на ТВ, доаѓа лето 2017, новински неподнослива досада од која не може да се избега како од скопски 30 степени пред полноќ, ама и тоа мора да се истера. Сите џомби од редакција веројатно му се на одмор, па вестите му ги спрема новата постава неповратно заразена со интернет вредности како - кучиња на даски за сурфање. Не со мерак, ама и тоа ќе го истера.

Проблемот со заљубеноста на медиумите во ракети и бомби

А Американците удрат некоја арапска пустелија со Томахавк, МОАБ или што и да е многу скапо и многу големо, снимката со траење на просечна ТВ реклама речиси инстантно станува мантра на сите американските новински телевизии. И ова е проблем затоа што луѓе природно почнуваат да навиваат за користење огнена сила за масовно уништување. Плус, и не се разликува многу од тоа кога другата страна на рипит гледа клипови од терористички напади.

Опера составена од актуелни вести

Навикнати сме класичната музика, особено операта, да се занимава со метафизички теми, метафорично прикажани низ ликови и теми од историјата. Но она што денес изгледа како банална актуелност, утре ќе биде историја. Полна метафизика. 

Исповед на дечкото кој пишува лажни вести

Започнал од заебанција и и полека се навлекол на фрапантниот успех кој ги постигнале неговите лажни вести. Уште не е сигурен дали поглупи се алгоритмите на социјални мрежи или луѓето. Ќе да е второво.

А ова се вестите во август

Не дека водителите на вести нешто посебно не пазат во август затоа што никој не ги гледа, или дека се нешто посебно внимателни во другите месеци, ама доволно време се пред камера за да им собереш компилација на глупости. А глупости ќе има.

Новинарска 2015-та

Како новинар можеш да бидеш сигурен дека без разлика колку си добар во тоа што го работиш, многу повеќе луѓе ќе ти го памтат тоа што си го згрешил додека работиш, посебно на телевизија. Компилација од новинарски блупери за 2015-та.

Ова се вашите вести од економијата

Нивниот проблем е што сите новински репортажи на вести им изгледаат идентично, со востановени ТВ трикови, графики и пози. Нашиот проблем е што се стремиме да го имаме нивниот проблем и никако не успеваме.

Аман, не ги бранете

На примерот на влијателниот и популарен Фокс њуз, во врска со темата: како партизираните и навивачки медиуми не само што ја прават својата публика поглупа (тоа на наши примери го гледаме по Фејсбуци и Твитери) туку им прават штета и на партиите и каузите кои без усул ги бранат.

Вести без рок на траење

Неодамнешната "вест" за смртта на еден нигеријски писател (две години откако тој почина) покажа дека времето го губи своето значење во одредувањето што е тоа вест. На социјалните медиуми, имено, сè се случува цело време.

Вести 2014

"Види ги сите овие луѓе кои ја изгубија својата работа." Блупери од годинешната работата во живо на телевизиските вести.

Како да направиш вирална содржина само од убави вести

Ако направите Гугл пребарување за натпреварот во кој Германија го масакрираше Бразил со 7-1, првите резултати кои ќе ги добиете ќе содржат зборови како „пораз", „понижување" или „катастрофа". Но...

Зошто стигнавме на дното?

Прашај ги читателите што сакаат, и тие ќе ти кажат зеленчук. Гледај ги од страна што прават, и ќе видиш дека тие претежно јадат бонбони, објаснува Дерек Томсон во Атлантик.

Никој не чита вести

Микрософт решава да преброи колку луѓе читаат вести на интернет (вести според традиционална дефиниција). Примерокот им е 1,2 милиони Американци. Резултатот им е дека од нив само околу 50.000 (4%) се активни консументи на вести. Останатите 96% нашле нешто друго да читаат.

Кога продажбата на книги цвета заради вестите

По скандалот со собирањето податоци од страна на Националната агенција за безбедност на САД, продажбата на Орвеловата „1984" пораснала за неверојатни 10,000%. Кои се други примери на книги кои доживеале неочекувана популарност заради некаква вест во медиумите?

Вести од загрозен вид

Ниту четвртина од Американците не одговориле позитивно на прашањето: "Дали вчера прочитавте печатен весник?"

Кога нема вести

Кога работата ти е секој ден да бркаш вести, редовно се молиш да не дојде денот кога сите решиле ништо да не прават. Тоа е моментот кога ја наведнуваш главата и се предаваш на што и да дојде, само да напишеш нешто. Нормално, од ова никогаш, ништо добро не излегло.