„Атлас ги згрчи рамениците" од Ajн Ранд
Оваа книга која промовира „рационална себичност" и го оценува кое било влијание на државата врз општеството како длабоко деструктивно, често пати бележи раст на продажбата во согласност со актуелните американски вести. Првиот скок на продажбата, во сетпември 2007, следел по драматичните скратувања на каматите од страна на централните банки. Следните биле реакција на потезите на администрацијата на Буш, а потоа и на Обама, поврзани со купувањето акции во големите банки или менување на планот за хипотеките. Со еден збор, при секое мешање на државата во пазарните работи.
„Мојата борба" од Адолф Хитлер
Една од почудните ситуации е порастот на продажба на Хитлеровиот манифест од 1933 во 2005 година во - Турција! Имено, тогаш за два месеци се продадени повеќе од 100,000 копии од оваа книга. Точната причина за ваквиот интерес се уште не е позната, но според еден турски колумнист, тој се должи на зголемениот број текстови во фундаменталистичкиот и националистичкиот печат во врска со она што се случувало на Блискиот исток, израелско-палестинскиот проблем и војната во Ирак. Ова на некој начин ја поттикнало продажбата на книгата. Други пак го толкуваат ова како резултат на порастот на антиамериканско расположение по инвазијата на Ирак.
„Сигналот и вревата: зошто толку многу предвидувања не се точни, но некои се" од Нејт Силвер
Понекогаш за да продадеш книга треба да излезе дека си бил во право. Откако Обама бил повторно избран во 2012 - токму како што тоа го предвидел Нејт Силвер - продажбата на неговата книга на Амазон пораснала за 850%.
„Зграпчи ја физиката" од Џон Грибин
Понекогаш пак треба твојата книга да биде на вистинското место во вистинското време. Оваа релативно опскурна книга од 2003 почнала неверојатно многу да се продава откако е забележана на фотографиите од сообраќајката на Тајгер Вудс во 2009. Зошто некој мислел дека би сакале да ја прочитаат/купат само заради ова останува мистерија.
„Вулф хол" на Хилари Мантел
Веројатно не е изненадувачко тоа што продажбата на книгите може да биде повлијаена од вон-книжевни активности на авторот. Откако Хилари Мантел, двојната добитничка на Букер, излезе со контроверзни изјави во врска со кралското семејство, особено со саканата Кејт Мидлтон, продажбата на нејзината книга од 2009 порасна преку ноќ. Според Тајм, книгата се искачила од 15-тото на 7-мото место на Амазон, што е 200% споредено со претходниот ден.
„Стив Џобс" од Волтер Ајсаксон
Заради очигледни причини продажбата на биографии на познати личности расте кога тие ќе умрат. Но кога умре Стив Џобс предпродажбата на книгата на Ајсаксон се искачила за апсурдни 41,800% на Амазон, и останала на првото место неколку недели.
„Ноќ за паметење" од Волтер Лорд
Продажбата расте и заради некаков јубилеј или годишнина. Минатиот април беше 100-годишнина од потонувањето на Титаник, па по тој повод една книга од 1955 се искачи на врвот на листата на Њујорк Тајмс, во категоријата „нефикција".