Еве неколку од вестите кои излегле на 1 април, а на кои јавноста, навикната на смешки на овој ден, не им обрнала внимание, иако биле вистинити.
Умира Марвин Геј
На 1 април 1984, само еден ден пред неговиот 45-ти роденден, „принцот на Мотаун“, бил застрелан и убиен од татка си. Славниот соул пејач го загубил животот кога се обидел да интервенира во караница помеѓу своите родители.
Кога излегла веста на радио, дури и неговиот близок пријател и колега Смоуки Робинсон одбил да поверува во неа, верувајќи дека е шега.
Гугл го лансира џи-мејл
Во 2004 некои од нас мака мачеа со минималните капацитети на бесплатните електронски сметки на Хотмејл или Јаху, од 2 или 4МБ. Кога Гугл објави дека воведува бесплатен сервис наречен „џи-мејл“ со 1ГБ простор, јавноста веднаш претпостави дека ова е премногу добро за да биде вистина.
Умира кралот на Грција
Џорџ (или Јоргос) Втори умира на 1 април 1947, од артериосклероза. Иако и тогаш сигурно имало такви кои не го сакале, генерално Грците наместо да му оддадат почит на својот крал, ја игнорирале веста сметајќи дека локалните медиуми баш го загубиле осетот за тоа што е смешно. Поверувале дури кога биле објавени протоколите за погребот.
Цунами на Алеутските острови
Жителите на Хаваи и Алеутските острови биле предупредени за големо цунами на Пацификот, на 31 март 1946. Иако тоа било ден пред 1 април, многумина мислеле дека е поранета шега, и не се засолнале. За жал, ваквата одлука значело дека бројот на жртви бил многу поголем - 165 луѓе го загубиле животот кога цунамито навистина удрило со сета сила следниот ден.
Забрането рекламирање цигари во САД
Со оглед на огромниот број пушачи во Северна Америка при крајот на 1960-тите, навистина делувало како шала кога медиумите ја соопштиле одлуката - дека Никсон забранил рекламирање цигари на телевизијата и на радиото. Ова се случило на 1 април 1970, и отворило пат и други држави да го спроведат истото во следните децении.