Течностите за усна хигиена се катастрофални за здравјето, порачува науката после едно истражување кое сугерира дека нивното користење може да води кон сериозни срцеви заболувња и инфаркти.
Опасноста се крие во фактот дека антисептичните течности ги убиваат бактериите во усната флора, вклучувајќи ги и оние добрите. Некои од нив, на пример, помагаат во одржување на еластичноста на крвните садови па нивното елиминирање брзо води кон повишен крвен притисок.
Ваквиот ефект се чувствува веќе истиот ден.
Секо зголемување на крвниот притисок за два поена води кон 7 процентно зголемување на ризикот од срцев удар.